Златни сандали за луди и незаборавни вечерни излегувања, комфорни и лесни слипери за безгрижни прошетки, чизмички во рок стил за истражувања на нови туристички локации, црни штикли за елегантни забави, чизмички на штикла до глуждовите и црно-кафеави чизми за ладните и врнежливи денови.
Атрактивниот ангел на „Victoria’s Secret“, Лили Олдриџ, отпатува во Париз каде ги прошета новите шик обувки низ улиците на француската престолнина и сними промотивна фотосесија. Познатата манекенка беше ѕвезда и во претходната кампања за летната колекција на Корс, снимена во Рио де Женеиро.