Комедија и пародија: Погледнете ги плакатите од живописните локални избори во Бугарија

28 октомври, 20150
1 copy
Сигурно дека сите некогаш сме се насмеале за некоја изборна кампања на наши политичари…Сепак, кандидатите на локалните избори во Бугарија се апсолутни шампиони во неколку категории: комедија, пародија, верувале или не…

Кандидатите претендирале да бидат таканаречени кметови, односно селски старешини, а плакатите на овие живописни бугарски политичари делуваат како да ги правел некој креативен сценарист од “Монти Пајтон”.

Елена Добромиров Трифонова со сериозниот поглед на плакатот и “модерната” фризура од 80-тите години, им порачува на своите гласачи да го заокружат бројот 12.

Антоанета Лазарова, постара госпоѓа со авангарден “madame butterfly” стил, сака да биде кмет на Гаганица, а ја претставува партијата БСП.

Screenshot_3

Стојан Тончев, спасувач од корупцискиот хаос, кој го тероризира бугарско Поморје, е одлучен во намерата на витешки начин – со меч, да се пресмета со чудовиштата на корупцијата. Слоганот му е многу иновативен: “Не може да не може!”.

Screenshot_4

Традицијата е нешто што не може да се заобиколи, а дел од неа секако се добрите стари волнени чорапи на баба. Токму на етикетата од едни такви чорапи решила да се промовира Марија Балкчијева, која сака да биде кмет на Сливен.

Screenshot_5

“Ова е време на пеколни возачи”, можеби би бил адекватен слоган на еден модерен мотоциклист, но воедно и за кандидатот за кмет на Асеновград, Димитар Кисов. “Harley Davidson” фотографиите даваат посебна уметничка вредност, мора да признаеме.

Screenshot_7

“Доколку сакаш да бидеш шмекер, тогаш за рака мора да држиш мисица”, веројатно е мислата според која се водел Бојан Георгиев. Раскопаната улица и таблата со натпис исто така се тука. Притоа, каква би била таа мисица без лента и круна?

Screenshot_8

Бугарски нинџа, втор дел. Така може да се опише плакатот на Борис Евтимов, кој во Брло Слатино сака да воведе катана! Всушност, тоа го нагласува и неговиот слоган: “Има да биде ред!”.

Screenshot_10

Петко Викторов сфатил дека пушката е посилна од мечот, па очигледно сакал да му се спротивстави на Евтимов опремувајќи се во стил на командос, со црна беретка во стилот на Че Гевара.

Screenshot_11

А имаме и турбо фолк ѕвезда, која симпатично се смешка на полу-стуткан плакат. Кожни хеланки, живописна гарнитура и Јорданка Сандова.

Screenshot_12

Кандидатот Чавдар Валев – бизнисмен. Покерашкиот поглед вешто го крие зад очилата и порачува дека гласачите треба да заокружат “седмица”.

Screenshot_13

Дуо фантастико – Валентин Черпоков и Стојан Чорбаџински. Спој на две варијанти, еден во кожна јакна, а друг во сериозно одело со несериозна кравата.

Screenshot_14

Данчо – обединител револуционер. Името зборува само за себе, што и да се додаде ќе биде премногу.

Screenshot_15

Бугарските вујко Фестер со шешир во стилот на Мајкл Џексон, со својот стил се спротивставува на слоганот, кој инаку гласи: Ќе надвладее разумот.

Screenshot_16

Дами и господа…Митко Димитров.

Screenshot_17

Радослав Петров вели дека доколку биде поставен за кмет на Видин, ќе шири либерално-демократски идеи.

Screenshot_18

Шефот на салата, Николај Милев. Зад него стои Реформаторскиот блок, а тој од сомнителен локал порачува дека ќе прави конкретни промени.

Screenshot_19

Мирослав Христов Кирилов делува како некој кој ужива во добра чашка. Или пак, нè лажат очите.

Screenshot_20

Кој ви изгледа најпретставителен? 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi