По тајната церемонија и меден месец конечно заблеска и прстенот на раката на Џенифер Анистон.
Џенифер Анистон, чија венчавка со Џастин Теру предизвика големо внимание, бидејќи одамна се очекуваше, ја покажа својата бурма.
Младиот брачен пар направи многу интимна церемонија на која разменија брачни завети.
Потоа отпатуваа на меден месец, а по враќањето од островот Бора Бора, папараците го уловија прстенот на раката на актерката.
Оваа двојка неодамна објави дека ќе станат родители. Така што Џенифер на 47-годишна возраст ќе го исполни својот сон и ќе стане мајка на усвоеното шестмесечно девојче.