Кралската свадба на принцот Карл Филип и принцезата Софија Хелквист
15 јуни, 20150
Принцот Карл Филип и принцезата Софија Хелквист стапија во брак. Парот се венча во капелата на кралската палата во Стокхолм.
30-годишната невеста носеше прекрасна венчаница од ателјето на шведската модна куќа Ida Sjöstedt и тијара која ѝ беше поклонета од кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија. 36-годишниот младоженец носеше темна униформа.
Илјадници фанови излегоа на улиците за да го поздрават среќниот пар.