Крцкава палачинка од компир

27 ноември, 20150
3

Денес ви откриваме еден сосема нов начин да приготвите компири. Погледнете го рецептот и направете крцкава компир палачинка со сирење!

Потребни состојки:

  • 600г. компир – изрендан
  • 150г. сирење по избор
  • 1 лажица маслиново масло
  • мускатно оревче
  • сол и бибер

Вклучете ја рерната на 200 степени. За тоа време изрендајте го компирот и оставете го да пушти вода, па замотајте го во чиста крпа и исцедете го од вишокот течност.

Вратете го компирот во чинија и зачинете го по вкус. Додадете и малку мускатно оревче за побогат вкус.

Потоа, подмачкајте ја тавата со масло и распределете половина од ренданиот компир на дното. Оставете да се запече на рингла 5-6 минути.

Откако компирот благо ќе се потпече, над него наредете парчиња сирење по вкус. Покријте го со другата половина рендани компири притискајќи за компирот да се спои со сирењето. Користејќи чинија превртете ја „палачинката“ така што запечената страна ќе биде на горната страна. Вратете ја на рингла уште 5 минути.

Ставете ја палачинката во рерна загреана на 200 степени околу 10 минути. И вашата компир палачинка со сирење е готова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi