Кристијано Роналдо е геј?!
7 декември, 20150

Ѕвездата на Реал Мадрид наводно полудел по мароканскиот борец Бадр Хари, со кој често оди на авантуристички патувања по светот.
„Кристијано Роналдо е геј и веќе со месеци одржува врска со мароканскиот кик – боксер Бадр Хари“, тврди францускиот водител Даниел Риоло.

Оваа приказна се појави пред неколку дена на една француска телевизија во емисијата „Не допирај во спортот“ на познатиот водител Даниел Риоло, а потоа ја пренесоа и англиски „The Sun” и многу таблоиди ширум Европа.
Наводно, Кристијано Роналдо е толку „заљубен“ во мускулестиот Мароканец, што после тренинзите со приватен авион оди од Мадрид во Мароко за да го види и да биде со него.

Даниел Риоло се запрашал како животот на Роналдо надвор од теренот ќе влијае врз неговиот перформанс на теренот, пишува Daily Mail.