Состојки
Тесто
- 430 гр. брашно
- 180 мл. густ јогурт
- 1 жолчка
- половина пакетче сув квасец
- ½ лажичка шеќер
- ¼ лажичка сол
Фил
- 150 гр. фета
- 150 гр. кашкавал
- 30 гр. маргарин
Начин на подготовка
Ставете го брашното, квасецот, солта и шеќерот во еден сад и малку промешајте. Жолчката малку изматете ја со виљушка, додадете го јогуртот и истурете во смесата. Месете додека не добиете меко тесто што нема да се лепи на рацете.
Направете 4 топчиња и растегнете кори кои не треба да бидат многу тенки. Во сад настрана, изгмечете ја фетата и додадете го ренданиот кашкавал, па направете 4 топчиња од смесата.
Врз првата кора ставете едно топче со кашкавал и нежно земете ги краевите за да го преклопите топчето.
Нежно притискајте со прстите врз топката од тесто, додека не се рашири и не стане во форма на кора.
Повторете ја постапката со сите 4 топчиња и оставете да одмори околу 15 минути. Шпоретот вклучете го на средна температура и во длабока тава ( која мора да има и капак) ставете путер да се растопи онолку колку што е доволно само за да ја намасти. Ставете една од корите и печете ја по 5-7 минути од двете страни, покриена со капак.