Магичен хотел во Шведска изграден од снег и мраз

popara12 ноември, 20151min00
000

Ако уживате во зимата тогаш дефинитивно ќе ви се допадне „Sweden Icehotel”, кој можеби е фригиден но истовремено е апсолутно магичен.

Според биографијата „Sweden Icehotel” е првиот во светот и најголем хотел изграден од снег и мраз, и е заштитено уметничко дело од страна на шведската влада.

Традицијата на „Sweden Icehotel” почнува во 1989 година во Јукасјарви, Шведска, а оваа година хотелот ја отвори 25тата сезона на 12ти декември. Ајсхотелот се отвара кога време е погодно, иако дизајнирањето и собирање на 1000 тони мраз и 30,000 кубни метри снраз (снег + мраз) траат речиси цела година.

Потребни се околу 100 луѓе за да се заврши нагичната транформација на снразот во околу 65 соби во кои гостуваат посетителите. Оваа година „Sweden Icehotel” содржи дела на околу 42 уметници од 11 различни земји, а се очекува да направи среќни околу 55,000 посетители.

До хотелот се стига со авион, воз, автомобил, сноумобил па дури и со санка со кучиња. Во хотелот се наоѓа познатиот ајсбар и има свој ресторан, па дури и просторија каде може да се венчате.

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

Statija gallery photo

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag