Пред една година, фотографија од три мали девојчиња го обиколи светот. 7-годишната Риен, 5-годишната Ејнсли и 4-годишната Рајли, кои страдаа од различни форми на рак, тогаш беа фотографирани прегрнати и со затворени очи.
Трите храбри ангелчиња од Оклахома сега ја пресоздадоа истата фотографија, но нивните очи и насмевки укажуваат на многу важна вест – сите извојуваа победа над ракот.
„Првата фотографија на која се со затворени очи покажува дека тие се поддржуваа една со друга за време на битката и се прегрнуваа за да се утешат, а овој пат сакав да покажам дека нивната врска е сè уште силна и дека тие го победија ракот заедно“ – изјавила фотографката задолжена за двете фотосесии.
Неодоливото трио непрекинато измамува насмевки и охрабрувачки коментари.