Марко Јариќ ја откри вистината за односот со Адријана Лима

30 април, 20150
11

Марко Јариќ (37) се врати во Србија на неколку дена само за да и пружи поддршка на својата сестра Тамара на актуелната Модна недела. Тој за српски „Блиц“ раскажал во какви односи останал со поранешната сопруга, една од најубавите жени на светот, Адријана Лима (33).

– Најважно ми е со Адријана да имам супер однос. Секогаш ќе ја поддржувам во се – рекол Марко.

Адријана и Марко се разведоа по пет години брак во мај минатата година. Сепак, поранешниот спортист смета дека тоа нема да влијае на нивните ќерки Сиена и Валентина.

– Се надевам дека не го чувствуваат нашиот развод. Мислам дека тоа го направивме во последниот момент пред тие да влезат во оние години да почувствуваат дека повеќе не сме во брак – смета Јариќ.

Без оглед на тоа што растат како деца на разведени родители, Марко не сака тоа да им го надоместува со подароци. Тој вели дека неговите ќерки ќе имаат проблем поради тоа што се деца на една од најубавите жени на светот.

– Не ги разгалив девојчињата. Се трудам да им дадам љубов колку што е можно, но сум исклучително и строг. Верувам дека детството нема да им биде лесно, бидејќи се деца на најубавата жена на светот и на успешен спортист. Не толку поради мене колку поради Адријана. Се трудиме што подобро да ги подготвиме на тоа – открива Марко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi