Медобил: За здравствените придовки на ѓумбирот

18 декември, 20150
18

Ароматичен и пикантен, коренот од ѓумбирот додава специфичен вкус во приготвената храна, колачи и супи. Покрај ова, тој содржи и фито-хемикалии познати по своите превентивни и лековити својства. Богат со витамини (Б и Ц) и минерали (калиум, манган, бакар и магнезиум) претставува совршено растение доколку имате стомачни болки, проблеми со варењето на храната бидејќи ја олеснува работата на дигестивниот тракт и ја намалува надуеноста.
Со редовно конзумирање на ѓумбирот, може да ги забележите следните здравствени придобивки:
• Најраспространета употреба на ѓумбирот е токму во зимските месеци, бидејќи е позната неговата олеснителна функција кога се работи за настинки, болно грло и кашлици
• Претставува природен антисептик и анти-спазмолитик, одлично делува при воспалителни процеси на дишните патишта, астма, воспаление на синусите и крајниците и го олеснува искашлувањето
• Може да ги подобри менталните способности, да ја намали или отстрани главоболката. Едно истражување спроведено на жени во своите 60-ти години покажало дека ѓумбирот ја подобрува реакцијата и меморијата на мозокот
• Гингеролите ја зголемуваат подвижноста на гастроинтестиналниот тракт и имаат аналгетски, седативни, антивоспалителни и антибактериски својства.
• Помага при менструални грчеви, го олеснува воспалението на мочниот меур, бубрезите и простатата.
• Овозможува подобра апсорпција на есенцијалните хранливи материи во организмот
• Ја подобрува циркулацијата и ги проширува крвните садови
• Со своите антивоспалителни својства, ѓумбирот ја олеснува болката во мускулите и коските. Доколку сакате да почувствувате подобрување на состојбата и олеснување на болките, додадете неколку капки есенцијално масло од ѓумбир во бањата
• Го забрзува метаболизмот така што предизвикува побрзо согорување на калориите
Ви препорачуваме да ги пробате производите на Медобил кои содржат најголемо количество на ѓумбир, висока концентрација на цимет, лен, рен, мед, матична млеч и прополис. Совршената комбинација на овие состојки ви овозможува да слабеете, вашата енергетска, мисловна и концентрациска моќ ќе се покачат на завидно ниво, а имунолошкиот систем во целост ќе се реактивира.
Медобил Слимс производите може да ги купите во паковање за слабеење до 5, 10 и до 15 килограми и истите се 100% природни, не содржат конзерванси, бои, адитиви, вештачка арома, ниту емулгатори и како такви во никој случај неможат да му наштетат на организмот.
Повеке информации на www.medobil.net
За дополнителни инфромации и консултации контакт тел. 02 25 33 100 ; 070 62 24 20
Можете да не посетите во преставништвото на Медобил во ГТЦ на најгорниот кат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber