Месечен хороскоп за февруари

popara3 февруари, 20153min00
5

ОВЕН

Свртени сте кон себе, размислувате и анализирате. Постојано ќе планирате, или ќе ги криете работите од околината. Ваквата атмосфера ќе потрае до 20 февруари, кога ѕвездените љубовници – Венера и Марс влегуваат во вашиот знак и најавуваат големи промени.

Во првата половина од месецот ќе ви се вртат многу работи низ главата. Нема да бидете многу сигурни која одлука да ја донесете, или кој пат е најдобар за вас. Минатото ќе биде значајно, а особено на љубовно и интимно ниво. Некои спомени и емоции кои мислевте дека сте ги оставиле во минатото, повторно ќе оживеат.

Веќе од 7 февруари ќе успеете да го одврзете гордиевиот јазол на неизвесност и чекање. Многу работи ќе ви станат јасни, а вашата самодоверба почнува да се обновува. Некои прашања ќе го добијат својот одговор, па како резултат на тоа ќе ви биде полесно да се изјасните и да им ги кажете вашите планови на другите.

Кон 11 февруари, се чини дека нешто се подготвува, но вие се уште нема да бидете сигурни дали ќе успее или не. Некој толку многу ви се допаѓа, па тоа ви го одзема сонот. Но, потполно неочекувано за вас, вие ништо нема да направите, затоа што сметате дека другата страна треба да го повлече главниот потег.

Веќе од 20 февруари љубовта ја покажува целата своја снага и моќ. Ќе дојдете до исполнување на љубовен план. Некои од вас официјално ќе го променат љубовниот статус; можеби ќе влезете во формална врска, ќе планирате брак, или ќе запознаете нова личност која целосно ќе го обземе вашето внимание. За Овните кои се родени во март, ова е период на многу возбудувања и лична среќа.

bikБИК

Ќе имате склоност да превземате премногу обврски и одговорности, кои можеби нема да бидете во положба да ги завршите на посакуваниот начин. Немојте да заборавите да се грижите за себе и да си обезбедите доволно одмор и сон.

На почетокот од месецот ќе имате многу прашања на кои нема да имате одговор. Можеби ќе имате чувство дека немате власт врз себе, ниту пак врз актуелните животни ситуации. Ваквата состојба би можела да ве загрижи. Но, ако малку се дистанцирате од работите кои не функционираат, ќе сфатите дека секогаш постои излез.

Однесувањето и постапките на некои блиски личности, во периодот околу 7 февруари, ќе го тестира вашето трпение и способноста за рационално и одговорно однесување. Наместо да се конфронтирате, обидете се мирно да настапите и да ги објасните своите мотиви. На интимно ниво ќе бидете склони кон непромислени избори кои потенцијално би можеле да водат кон разочарување.

Кон средината на месецот се враќате во топ форма, а посебно на љубовен план. Развојот на настаните ќе ги разбуди вашите надежи и ќе ви покаже дека во секоја ситуација постои излез. Однесувањето на саканата личност ќе ви влее сигурност и доверба. Таквото однесување ќе ве поттикне и вие да ги покажете сопствените чувства.

Од 18 февруари страстите ќе почнуваат да се будат, а вие ќе бидете лесно запалива материја. Самците ќе запознаат нова личност која ќе ги остави без здив. Нема да сакате да го губите времето, па веднаш ќе влегувате во акција и ќе бидете подготвени за игра. Во сериозните врски и бракови доаѓа до некои неочекувани промени, кои не знаете каде ќе ве однесат

bliznaciБЛИЗНАЦИ

Во февруари би требало да ги избегнувате ризиците и изборите, за кои не сте целосно сигурни. Наместо да брзате со донесување одлуки, паметно би било да си земете доволно време за размислување и анализа; и немојте да го барате од другите она што не можете самите да го дадете.

На почетокот од месецот ќе се најдете во ситуација, во која не смеете лекомислено и неодговорно да пристапите. Во спротивно, многу лесно би можеле да се најдете во неблагодарна позиција. Обидувајќи се да ја сокриете или поинаку да ја презентирате вистината, ќе се ставите себеси во незавидна положба. Таа ќе си го пронајде својот пат и ќе излезе на светлото на денот, без разлика дали вие го сакате тоа, или не.

Ретроградниот Меркур во Водолија, до 11 февруари, ќе ве поттикне да ги барате причините за актуелните ситуации во минатото. Обидете се да сфатите каде сте погрешиле и кои избори ги предизвикале тешкотиите во сегашноста. После тоа ќе можете да го пронајдете посакуваниот излез.

Иако февруари за вас нема да биде многу лесен и едноставен месец, кон средината на месецот ќе сфатите дека тој крие мноштво поучни лекции, па полесно ќе влегувате во костец со проблемите. Превземете одговорност за некои работи, подобрете ги односите со околината и унапредувајте го својот карактер.

Кон самиот крај на месецот, планетарните констелации ќе го разбудат духот на вашето внатрешно дете. Ќе ви годи друштвото на најмладите членови од семејството… игра и забава. Ќе привлекувате личности кои на длабок и интелигентен начин размислуваат за животот и од него очекуваат многу забава и возбудувања.
rakРАК

Во текот на јануари ќе бидете насочени кон другите; кон нивните потреби и желби; па во налетот на интензивниот хаос на дневните случувања, гледајте да не заборавите на себе и на своите интереси и потреби.

Имате многу желби, надежи и очекувања, а поголемиот дел од нив се насочени кон другите. Но, личностите кои посакувате да ги исполнат вашите потреби, нема секогаш да ви излегуваат во пресрет. Токму затоа, треба да се ставите себеси во центарот на вашиот свет и да престанете да го барате вниманието на другите.

Во втората декада од месецот финансиските прашања излегуваат во преден план, а посебно оној дел од нив кој е поврзан со долговите, сметките или имотот. Ако имате некакви спорни финансиски прашања со другите, ќе биде потребно да бидете претпазливи и промислени. Од друга страна, обидувајте сте подобро да се организирате, затоа што во втората половина од месецот обврските ќе доаѓаат од сите страни. Работата ќе има директно влијание на вашиот приватен живот и обратно. Во моментите кога ќе ве обземе страв и несигурност, замислете го најлошото можно сценарио и смело направете го тоа што е потребно!

После 20-ти јануари некои работи ќе ги привршите. Ќе надминете некои заблуди и илузии, а тоа ќе ви помогне да завземете нов и појасен став кон некои ситуации и односи. Со последните денови од месецот, влегувате во многу романтичен период кој ќе биде активен во следниот месец.

lavЛАВ

Месецот што е пред вас би можел да ве изненади со интересна авантура; ќе ви отвори прилика да се испробате во нешто ново, да ги разбиете стереотипите и да го надминете стравот од неуспех.

Сето она што ви недостасува ќе го барате во другите луѓе. Ќе се дружите и ќе соработувате со личности кои се потполно различни од вас, кои со својот карактер, имот или знаење, можат да ја исполнат празнината во вашиот живот. До некаде ќе бидете зависни од брачниот партнер, или од одредени личности од вашата околина.

Ќе се занимавате со туѓите животни приказни и судбини, како и со животните околности во кои ќе се затекне вашиот партнер. Нагласена е важноста на сексуалниот живот, односно неговите квалитети. Оние што се повеќе храбри, ќе пронаоѓаат страст надвор од врската или бракот; а во исто време ќе се сомневаат во верноста на постојаниот партнер.

Кон средината на месецот, можеби нема да бидете задоволни со некои околности, или едноставно не можете да го добиете тоа што го сакате. Но, ако сакате да промените нешто, морате да бидете повеќе активни, да ги изразите своите желби, или барем да ги откриете. Ако имате некаков конфликт, отворено разговарајте со спротивната страна.

После 20 февруари ќе ви стане јасно дека знаете самите да се закопате во стравови и недоверба, и дека е потребно многу малку за да се предизвика позитивна промена. Ќе бидете храбри и смели, а токму тоа ќе ве направи посреќни и позадоволни.

devicaДЕВИЦА

Ќе бидете затрупани со работа, совесни и одговорни; а понекогаш ќе наметнувате и на околината и на себе превисоки цели и очекувања. Ќе си докажувате себеси и на околината колку сте силни и колку сте способни.

Чувството на долг и одговорност ќе ви наметнува критериуми, кои ќе бидат речиси невозможни, па одвреме навреме ќе имате чувство на вина дека не можете да го постигнете тоа што сте го зацртале. Постојано ќе бидете во движење, малку ќе спиете и ретко ќе си дозволувате одмор; па би требало повеќе да се грижите за себе и за своето здравје.

Веќе од 7 февруари вашиот живот ќе се најде на метата на љубопитните личности. Повеќе ќе се движите меѓу непознати личности, ќе запознавате нови луѓе и јасно ќе го изразувате своето мислење за сето она што ве опкружува. Можеби некои од вас ќе мора да излезат на крај со една несериозна и авантуристичка личност, на која нема да можете да и одолеете.

Средината на месецот ќе биде период на емоционално спојување и раздвојување, кое ќе се менува во одреден ритам, па евентуалните кавги немојте да ги доживувате премногу сериозно. Нема потреба премногу да се вознемирувате, бидејќи тоа ќе ве исцрпува. Бидете на својата страна и слушајте ги сопствените потреби.

Во втората половина од месецот ќе дојде до промена во вашето однесување кон одредени личности. Повеќе нема да бидете волни да попуштате во името на туѓата среќа, туку цврсто и одлучно ќе се залагате за остварување на своите интереси. Некои од вас ќе имаат поголеми барања од другите, а другите ќе решаваат некои финансиски и материјални прашања.

vagaВАГА

Енергијата на планетарните констелации ќе ве поттикнe на активности кои бараат размена на мисли и идеи; собирање и групирање на луѓе, и делување во некои повисоки, хумани цели.

Во првата половина од месецот ќе бидете окупирани со средување на некои сметки; ќе го довршувате започнатото, повеќе ќе се посветувате на работите кои ги избегнувавте, а во своите иницијативи ќе ја имате поддршката на партнерот или пријателите. Пријатно ќе бидете изненадени од подготвеноста на другите да размислат и да ги земат во предвид вашите предлози. Во исто време љубовта која ја чувствувате кон другите, ќе ве облагородува.

Кон средината на месецот, креативните идеи ќе ве поттикнуваат да дејствувате. Ако сакате да ги реализирате, ќе ви биде потребна поддршката од другите. Зацврстувајте ги односите со пријателите, посветете се на вашето хоби и пронајдете начини на кои ќе можете подлабоко да уживате.

Со влегувањето на Сонцето во знакот на Риби, на 19 февруари, повеќе ќе се насочите на работата и обврските. Ќе бидете подготвени да ги поддржувате другите, затоа што сте свесни дека на тој начин ќе го забрзате и олесните остварувањето на заедничките интереси. Вагите кои се занимаваат со социјални, медицински и советодавни професии, ќе постигнуваат одлични резултати.

Нивото на вашата физичка и ментална енергија расте, а заедно со неа и вашата нестрпливост и нервоза. Ќе биде потребно конструктивно да ги насочите. Немојте да заборавите дека вашата улога е да внесувате рамнотежа и мир, па ќе биде потребно да ја извршувате мудро, со истенчена смисла за момент. Многу добро ја знаете моќта на насмевката и шармот – тие се вашето главно оружје.

skoСКОРПИЈА

Задоволството и внатрешниот мир кои ќе ги чувствувате во февруари, ќе бидат малку разнишани со околностите во најблискиот круг на семејството. Втората половина од месецот ќе биде многу динамична и полна со обврски и движење. Од друга страна, морате да станете свесни за фактот дека емотивните заблуди се препрека во живеењето на љубовта.

Во првата половина од месецот ќе имате тенденција да се повлекувате во себе; се вртите кон своите интимни потреби и односите со најблиските. Ќе уживате во самотијата, а бучавата и зачестената комуникација ќе ве исцрпуваат. Ако поминувате повеќе време со партнерот, ќе можете да го зајакнете меѓусебниот однос.

Нема да ви биде лесно да ги усогласите мислите и чувствата; идеите и начинот за нивното остварување, па тоа ќе ве прави нервозни. Случувањата во домот ќе излегуваат од контрола, а посебно меѓу 5 и 10 февруари. Можете да се обидете да ја вратите контролата со будно и мирно набљудување и со полно присуство во моментот. Обидете се да ги завршите започнатите обврски и дајте си доволно време.

Веќе кон средината на месецот, партнерските односи се откриваат во ново светло. Ќе бидете задоволни од она што ќе ќе го видите и слушнете, па ќе имате потреба да возвратите на еднаков начин. Авангардните идеи ќе го преплават вашиот ум; и ќе имате потреба да побарате истомисленици за да ги споделите своите идеи и меѓусебно да се инспирирате.

После 18 феввруари, љубовта ви станува многу важна. Ако се согласите на некои компромиси во името на љубовта и заедништвото, лесно ќе постигнувате емотивна хармонија. Самците ќе бидат привлечени од храбри и смели личности со нагласен сексипил, со кои лесно и брзо можете да влезете во однос. Ќе имате прилика да се доживеете на сосема поинаков начин.

strelecСТРЕЛЕЦ

Пред вас е период на комуникација и патувања, учење и семејни активности; а кон крајот на месецот и љубов. Февруари ќе биде интензивен и динамичен месец, а Сатурн ќе се погрижи да не ја изгубите рамнотежата и стабилноста.

Во првата половина од месецот ќе посветувате повеќе време на себе. Учењето, интелектуалната експанзија и раст, кариерата и деловните односи, се темите на кои конструктивно ќе се посветите. Овој период е подобар за размислување и планирање, отколку за конкретно дејствување и акција.

Меркур се враќа во директно движење на 10 февруари, а тоа дава отворен знак за акција и иницијатива. Се отвораат нови можности и перспективи; ќе добиете одговори на некои прашања и ќе стапите во контакт со некои личности со кои имавте проблеми во комуникацијата. Одредени проблеми од крајот на 2014 година, почнуваат да се разрешуваат на најдобар можен начин.

Кон средината на месецот ќе станете нагласено свесни за своите приоритети и ќе го разграничите важното од неважното. Блиските ќе ја бараат вашата поддршка, а вам нема да ви биде тешко целосно да им се посветите. Паметно би било да имате граници и да не дозволувате другите да ви ја црпат енергијата и да ви го трошат времето.

Со влегувањето на Венера и Марс во Овен, на 20 февруари, ќе бидете подготвени за љубов, заведување и страст; ама и за непланирани, но добредојдени инволвирања. Слободно препуштете се на желбите и испробувајте ги новите можности во сите сфери од животот. Почесто излегувајте со вашите пријатели и прифатете ги можностите за возбуда и авантура.

jarecЈАРЕЦ

Ситуациите ќе имаат двојна природа; ќе ви го покажуваат својот сјај и својата темна страна. Набљудувајте ги работите во нивната целовитост, а таквиот пристап ќе ве направи помудри и ќе ве збогати, духовно и материјално.

На самиот почеток од месецот, разговорите за емоциите ќе бидат извор на вашата инспирација. Ќе водите длабоки разговори и ќе станете свесни за длабочината на вашите емоции и дека стремите кон заеднички цели. Исто така, ќе ги разгледувате и прашањата за инвестирање или штедење, но избегнувајте ги брзите и непромислени одлуки.

Веќе од 7 февруари, настапува период на зачестени контакти со голем број на луѓе – клиенти, колеги, пријатели; а во исто време ќе склопувате интересни и потенцијално корисни познанства. Некои од вас ќе успеат да стигнат до некои цели, благодарение на партнерот или пријателите.

Кон средината месецот ќе имате зголемена потреба да бидете свои и автентични. Ќе ви биде важно да бидете уважувани и да се слуша вашиот глас. Излезете во јавност и презентирајте ги своите идеи; сето она што е несебично, ќе го пронаоѓа својот пат до другите и ќе ви донесе задоволство и корист.

После 20 февруари, интензивните вибрации на планетите во Овен, ќе ве поттикнуваат на дејствување, кое не е типично за вас. Можеби најдобро ќе постапите ако се препуштите; кога ќе сфатите дека не можете да се борите против околностите, морате да се усогласите со нив. Немојте да бидете премногу критични кон себе и почитувајте ги своите можности.

vodolijВОДОЛИЈА

Среќен Роденден Водолии! Ова е ваш месец, време е да ги остварите вашите планови. Меркур е во вашиот знак и преоѓа од ретроградно во директно движење, па нема да ви недостасуваат идеи. Можеби единствена пречка на патот кон остварувањата, ќе бидат вербалните дуели со важните личности.

Во првите денови од месецот ќе комуницирате со многу луѓе, а некои од нив нема да ви бидат наклонети. Можеби некој ќе каже нешто што ќе ве повреди и ќе ве натера на реакција, поради која ќе ви биде жал. Некои од вас ќе мораат да и објаснат на одредена личност дека не можат да ги возвратат емоциите.

После 8 февруари ќе имате зголемена желба да работите на себе, да се усовршувате и да им покажете на другите што знаете и умеете. Некој ќе ве поддржи во тоа, ама за возврат ќе бара некакви отстапки; дилемата ќе ви ја расчисти трета личност, во која не сте имале доверба. Но, сега сфаќате дека не сте биле во право.

Во втората половина од месецот ќе имате потреба за повеќе мир и тишина, за да можете да го обновите контактот со себеси. Проблематичните врски и бракови ќе покажат добра волја да побараат совет за надминување на спорните прашања и проблеми. Ако некој ви даде доверлива информација или некаква тајна, почитувајте ја дискрецијата и искористете ја можноста.

После 22 февруари ќе бидете повеќе директни, смели и јасни, па ќе правите категорични акции и ќе бидете подготвени на ризик. Ова најмногу се однесува на работната сфера и остварувањето нови контакти. Во исто време ќе заведувате и ќе бидете заведувани, но многу е дискутабилно дали навистина сакате да се препуштите на новото. Вашите зборови ќе имаат исклучителна моќ; некој очекува комплименти, а вие не сакате да ги дадете. (И сега што? Ќе биде интересно.)

ribiРИБИ

Стелиумот од планети во вашиот знак ќе ја засили вашата харизма. Со својата појава ќе оставате силен впечаток. Февруари е месец за љубов, фантазирање и дејствување. Покажете ја својата љубов со зборови и дела.

На самиот почеток од месецот ќе имате зголемена потреба да поминувате некое време во мир и самотија. Од тоа ќе црпите сила и енергија за секојдневниот живот. Некои работни активности ќе ве поттикнуваат на засилен ангажман. Иако имате дилеми, прифатете го предизвикот. Од друга страна, некој член на семејството се соочува со некаков проблем, па ќе биде потребно да помогнете.

После 10 февруари, планирањето ќе биде клуч на успехот. Поставете ги своите цели врз основа на вашите желби и свеста за сопствените можности, а притоа подигнете ги очекувањата. Ќе бидете барани и вреднувани на вашето работно место, па би требало слободно да ги изнесете своите идеи и да го барате она што ви припаѓа.

Од 18 февруари ќе имате успех во презентирањето и склопувањето познанства, а во исто време ќе имате поголемо влијание врз другите. Некои ќе дадат или ќе добијат доказ на љубовта и почитувањето. Се очекува успех на љубовен план или разрешување на проблематичните ситуации. Имате можност да го зацврстите и унапредите односот со постојаниот партнер.

Од 23 февруари, некои ќе добијат исплата за минат труд и работа. Наплатете ги долговите и направете го тоа што го планиравте. Покажете ја својата љубов со дела и зборови; понудете соработка, извинете се за пропустите или погрешната проценка. Ако понудите нешто, најверојатно ќе биде прифатено. Оние што се во потрага по нова работа, ќе остават добар впечаток во разговорите со работодавачите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma