Месните преработки сеат смрт!

17 јануари, 20150
1

Обемно истражување докажало дека доколку во својата исхрана имате премногу обработено месо, односно месни преработки како салами, кобасици, конзерви, паштети и слично, тоа може прерано да предизвика смрт.

Анализата опфатила околу половина милион мажи и жени кои се разболеле и умреле од  тешки болести на срцето или карцином.

Истражувањето спроведено во Европа покажало дека отровите во месните преработки се виновни за голем процент од смртноста на овие луѓе.

Токму затоа експертите советуваат да ја ограничиме до минимум конзумацијата на погоре споменатите месни преработки со цел да  го заштитиме своето здравје и како превенција од мноштво опасни болести. Кога се во прашање месните преработки, важно е да се напомене дека тие содржат и висока концентрација маснотии, а тоа претставува опасност од зачепување на артериите и други болести на срцето и крвоносниот систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *