Мини солени ролати со топен кашкавал
7 декември, 20150

Ако сте страсен уживател на топен кашкавал, тогаш малите ролати од леб со топен кашкавал се идеален предлог за вас.
Потребни состојки:
- 6 парчиња леб за тост
- 1 лажица путер
- 6 парчиња кашкавал
Подготовка:
Исечете ја кората од парчињата леб и натапкајте ги со чинија за да можете полесно да ги направите како мини ролат. На нив ставете ги парчињата кашкавал и направете мали ролати.
На претходно загреана тава ставете го путерот, почекајте да се растопи, а потоа ставете ги мини ролатите со кашкавал.
Пржете додека не се стопи кашкавалот внатре, а горниот слој од лебот не крцка.
Детално погледнете го видеото за подготовката: