Монте Карло: Искусете го луксузот во полно светло

21 ноември, 20150
10
Ако сте од оние луѓе кои што го обожуваат луксузот, богатството и раскошот, Монте Карло ќе ве освои на прв поглед. Додека му се приближувате на овој град, ќе уживате и во преубав пејзаж.

Ова е еден од оние градови во кој што дефинитивно треба да одите барем еднаш во животот. Во него буквално сè мириса фантастично, а на преубавите чисти улици се возат само најскапите автомобили. Во пристаништето се закотвени само гламурозни јахти, а за сите оние кои што сакаат да ризикуваат, тука е и Casino de Monte-Carlo кое што важи за едно од најпознатите на светот.

Монте Карло е познат не само по својот неверојатен изглед, елеганција и раскош, туку и по големите ризици и уште поголемиот адреналин. Драги дами, облечете го вашиот најелегантен црн фустан, понесете го вашиот најскапоцен накит, ставете црвен кармин, впарете го со црвен лак за нокти и заиграјте рулет на најдоброто место на светот.


Чувството во Монте Карло е неверојатно само по себе, но сите тие визуелни ефекти и целиот тој богат свет, ќе ве принудат, барем на една ноќ да се чувствувате сосема неверојатно. Дури и ако ги изгубите вложените пари, не жалете, еднаш се живее!

Влезот во казиното не се наплаќа, но секое снимање и фотографирање е строго забрането. За лица помлади од 18 години влезот е и забранет. Влезница сепак ќе мора да платите ако сакате да си ја пробате среќата во рулетот, но затоа пак приодот до џек-потовите е бесплатен.


За љубителите на брзините најдобро е да одат во Монте Карло за време на одржувањето на натпреварот во Формула 1, бидејќи нема ништо погламурозно во најексклузивниот автомото спорт од трката за Големата награда на Монако. Ако сте страствен љубител на автомобилизмот, ќе ве воодушеви и звукот на овие машини, мирисот на запалените пневматици, погледот на екстремните кривини и атмосфетрата која што ја прават навивачите бодрејќи ги своите идоли.

Ако имате и малку повеќе среќа, можеби и некој од возачите ќе ви дозволи да седнете во некоја од овие “луди машини” за да направите добри фотографии за спомен.

Големата награда на Монако – трката во Формула 1 во Монте Карло е самата по себе исклучително возбудлива бидејќи гледачите може да ја следат акцијата од непосредна близина. Патеката долга 3.340 метри со 78 кругови се смета и за најпредизвикувачка во светот. Возачите во текот на трката минуваат 261 километар.

 

 


Овој град е домаќин и на Големото европско финале во покер, бројни боксерски мечеви, како и модни и многу други гламурозни случувања.

Во Монте Карло може да го посетите и океанографскиот институт, кралската палата, градското собрание и стариот град. Стариот град го красат медитерански улици со куќи во пастелни бои и токму таму може да купите голем број на убави сувенири. Повозете се и со туристичкиот воз како водичот би ве запознал и со историјата на овој град.

А ако зборуваме за гастрономското уживање, во рестораните во Монте Карло ќе ве пречека љубезен персонал кои што буквално кон секој гостин се однесува на истначин. И не се чудете ако токму покрај вас седне на ручек или вечера некоја позната актерка или спортист, бидејќи Монте Карло е омилено место за многу славни луѓе. Кај нив не постои дискриминација, а јазикот кој што го говорат сите е токму јазикот на парите.


Искусете го луксузот во полно светло на место на кое што ќе го помните до крајот на својот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi