Чешки државјани со Ламборџини Хуракан при брзина од 330 км/ч излетаа од автопатот М7 во Унгарија.
Додека се возеле Чесите исто така и се снимиле со телефон за да ја доловат постигнатата брзина во моментот, но видеото завршува …
Имено настанот се случил во септември 2014 година, но Унгарската полиција сега го сподели видеото на својот официјален портал за да претстави какви се последиците.
За среќа и возачот и совозачот останале живи иако возачот бил значително повреден, додека Ламбурџинито од серијата хуракан е комплетно хаварисано и уништено.