Двајца монаси кои долго време не го напуштале манастирот еден ден се упатиле кон градот да набават храна.
Кога стигнале до реката забележале млада жена која им се израдувала. Жената не можела да ја преплива надојдената река, па на монасите гледала како на одговор на своите молитви. Им кажала дека мора да оди во градот по млеко за своите деца и ги замолила за помош. Стариот монах ја качил на грбот и ја пренел до половина река. Кога силата го напуштила, му рекол на младиот монах да ѝ помогне.
Ја поминале реката, жената си заминала, а монасите продолжиле кон градот.
Младиот монах бил многу лут и постојано му велел на својот пријател: „Брате, го прекршивме заветот, допревме жена, не сме повеќе чисти во очите Божји, зошто ме примора да ја носам таа жена?”
Иако прашал повеќе пати, стариот монах мудро молчел.
Нашиот ум честопати нè контролира и ни ги насочува мислите кон она што поминало, па притоа забораваме дека има многу поважни нешта на кои треба да мислиме и да им посветиме внимание.
Додека жалиме за она што сме направиле, животот прелетува покрај нас.
На она што поминало местото му е во минатото. Можеме да се сеќаваме на него, но не и да дозволиме да ни ги окупира мислите и да господари со нас.