Најчудниот пар во светот чека дете!

16 јуни, 20150
3

Манекенката Габи Греко (26) и нејзиниот 46 години постар сопруг, австралискиот бизнисмен Џефри Еделстен, го очекуваат своето прво дете.

Веста за приновата пристигна само два дена откако овој необичен пар заплови во брачните води.

 

Радосната вест воодушевената манекенка веднаш ја сподели со своите пријатели на Инстаграм со фотографијата која го покажува позитивниот тест за бременост. Бројните следбеници им честитаа на младенците за приновата која ја очекуваат.

“Честитам од срце! Ќе бидеш најдобрата мајка во светот. Твоето бебе и вистински среќник. Возбудена сум за тебе и Џеф”, и порача една обожавателка, додека друга ја советуваше да причека со веселбата додека не ја добие потврдата од докторот.

 

Сепак, имаше и такви кои отворено го изразија незадоволството поради детето кое ќе израсне во неприродна околина.

“Ова е всушност вознемирувачки. Зошто некој би сакал дете во однос кој нема да трае ни во наредните 10 години? Отсекогаш сум ја поддржувала твојата веридба од љубов, но да се донесе дете на свет кога знаеш дека неговиот татко ќе биде покрај него само мал дел од неговиот живот е неодговорно”, остро прокоментира една девојка на Инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi