Најдобрата хранлива ужина

9 февруари, 20150
5

Овошното фрапе, нутриционистички е многу квалитетен и хранлив оброк кој ќе ве освежи, ќе ви даде енергија и заштити. Пожелно е да се прави со помалку маслено млеко или пак со млеко од соја или ориз и со повеќе различни овошки.

Покрај тоа што е неверојатно вкусен овој напиток е полн со витамини, а се приготвува за неколку минути.

Еве неколку совети во приготвувањето на овошно фрапе!

Фрапето е најдобро да се прави со банана која дава кашеста смеса и добро го врзува другото овошје со млекото. Бананата е доволно блага, што нема да имате потреба да ставате шеќер, особено ако во фрапето ставате и друго по кисело овошје.

За да добиете квалитетна ужина во фрапето потребно е да ја ставите правилната количина на намирници и млеко. Основата за секое добро фрапе е 2 dl млеко и банана, а останатите овошки се ставаат по желба. Фрапето приготвувајте го со миксер.

За да направите одлично фрапе, покрај основата од банана и млеко, можете да додаете јаболко и киви, пред се тоа не се скапи овошки, а даваат одлична хранлива вредност и витамини. На оваа основа подоцна можете да доадете било какво овошје по желба. Во фрапето можете да додадете и неколку бадеми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *