
Секојдневното шминкање понекогаш може да стане многу досадно и монотоно, а гламурозната шминка која ја гледаме на познатите жени да изгледа комплицирано и неизводливо. Меѓутоа, вистината е дека не ви е потребен професионален шминкер за да имате шминка како Адел и црвени усни како Ен Хатавеј.
Гламурозни усни – Ен Хатавеј
Ако сакате да дознаете како да изгледате како Жената – Мачка, следете ги овие едноставни чекори и додека трепнете ќе бидете главна атракција на забавата.
Сјајна кожа – Џенифер Лопез
Во ова видео ќе научите како да постигнете здрав и младешки сјај на кожата, како Џ-Ло.
Мачкасти очи – Адел
Модерните мачкасти очи дефинитивно се светски хит, а никој не ги носи подобро од Адел. Значи следниот пат кога ќе се подготвувате да излезете во град користите некои од овие трикови.
Прородна шминка – Ема Стоун
Сите би сакале да имаат мека и свежа кожа како на бебе, исто како и Ема Стоун. Ова упатство ќе ви ги покаже сите тајни на нејзината природна и совршена кожа.
„Смоуки Ајз“ – Џенифер Лоуренс
Исто како и мачкестите очи, „Смоуки Ајз“ е еден од трендовите што е доминантен на црвениот тепих. Добрата вест е тоа што е лесно да се направи и изгледа добро на речиси сите.
Ретро гламур – Тејлор Свифт
Тејлор сака многу секси ретро шминка, која на најдобар начин ја нагласува женственоста и сексапилот во секоја жена. Ако ви се допаѓа нејзината шминка во спотот за песната „Ред“ ова упатство е за вас.