
Зошто лицето старее?
Брзината и начинот на кој лицето старее се разликува од личност до личност, но кај сите се заеднички причините за стареењето – промени на коските и масното ткиво и губење на калоген и еластин. Начинот на живот, исхраната и изложувањето на сонце влијаат на тоа колку брзо овие фактори ќе делуваат.
Фактори на стареење на скала од 1 до 10
Сончање 9.5
Алкохолот и пушењето 8.7
Стрес и недостаток на сон 8.2
Недостатокот на кислород 6.1
Неправилна исхрана 4.3
10 минути
Изрендајте едно јаболко, додадете лажица мед, па смесата нанесете ја темелно на исчистено лице. Држете ја маската 10 минути, па измијте со млака вода.
15 минути
Истолчете лист алое и нанесете на чисто лице. Маската ставајте ја три пати неделно по 15 минути. Маската е ефикасна против појавата на првите брчки, а може и да ги смири мозолчињата, осипот и дерматитис.
20 минути
Исцедете портокал, па сокот помешајте го со брашно така што ќе добиете густа смеса. Нанесете на чисто лице и држете 20 минути. Исплакнете со многу топла вода. Оваа маска го нормализира лачењето на маснотии.
12 минути
Свежите краставици се поефикасни против отечените капаци од било кои креми. Исечете краставица на кругови и оставете ја во фрижидер барем еден час пред употреба. Парчињата држете ги на очи секое утро најмногу 12 минути.
Зимска нега
Хидратантните креми исфрлете ги од употреба во текот на зимата, бидејќи во нивниот состав доминира водата, која мрзне на минус. Зимската дневна крема треба да биде масна, а ноќната хидратантна. Ако сте во град, вашата дневна крема и во текот на зимата треба да содржи SPF 15, а на планина SPF 50.
0 минути
Никогаш не треба да се миете со сапун, а особено не во зима. Сапуните се базни, така што ја сушат кожата и го отстрануваат нејзиниот заштитен слој. Лицето мијте го со пена и гел наменети за вашиот тип кожа.
10 минуи
Треба да трае паузата меѓу нанесување на дневна крема и подлога за шминка. Толку време и е потребно на кожата да ја упие кремата и да не и пречи на пудрата.
23 часа
Последниот момент за ноќна крема. Регенерација на клетките на кожата почнуваат во 23 часот и траат се до четири часот наутро, а само во тој период кожата може да ги искористи активните состојки на кремата.