Најлошо облечени ѕвезди за 2015 година

popara18 декември, 20152min00
14
Помина уште една година на црвени теписи, гламурозни тоалети, но и големи модни промашувања. Во желбата да се истакнат, некои познати дами често забораваа што значи добриот стил, а со овие модни избори славните дами целосно не` разочараа во 2015 година.

1. Ники Минаж


Раперката Ники Минаж на сите начини се обидува да се издвои од останатите. Меѓутоа, нејзиниот избор не е секогаш најдобриот, па така се најде на првото место на оваа листа на најлошо облечени славни личности.

2. Хајди Клум


Хајди Клум навистина е убава и многу згодна. Но, кога ќе направи модна грешка, таа е огромна. Кога на овогодинешното доделување на Еми наградите во Лос Анџелес се појавила во жолта провидна тоалета со перја, сите се прашувале дали оваа тоалета е завршена, дали треба нешто да се додаде или да се одземе од неа. Каков и да е одговорот, таа ги разочара фановите со овој избор, а модните критичари со ниски оценки го кажаа своето.

3. Кајли Џенер


Кајли Џенер има само 18 години, а нејзиниот моден избор често не прилега на нејзината возраст. Со желбата да се истакне со сексапил ја преминува границата на вулгарност и често остава многу негативен впечаток.

Нападна шминка, преголема уста во комбинација со кожен фустан украсен со метални синџири.. Кајли сака тоа да го има на себе, но секако тоа не е добар избор за една тинејџерка (или општо за никого).

4. Ким Кардашијан


Таа оваа година беше бремената жена за која најмногу се зборуваше, а нејзиниот стил беше, па малку е да се каже – загрижувачки. Многу чипка, провидни делови, кожни парчиња и потпетици кои сигурно не се удобни за една жена која е бремена, а секоја нејзина модна комбинација беше таква. Со секое појавување во јавноста, Ким дигаше прашина.

5. Рита Ора


Модните промашувања кај Рита Ора се секојдневие иако понекогаш знае да не` изненади со пристојна комбинација. Овој пат тоа не беше случај. Белиот фустан откривал навистина премногу. Таа ни покажа дека пејачката има облини на кои треба да се гордее, но не и добар вкус.

6. Бритни Спирс


Нашата сакана поп икона ода тинејџерските денови никако да пронајде заеднички јазик со добриот стил. Оваа година се појавуваше во ужасни изданија кои никако не беа ласкави за нејзината фигура. Бритни, смени си го стилистот!

7. Кира Најтли


Убавата актерка оваа година стана мајка, а нејзиниот моден стил неколку пати не` разочара. На овогодинешното доделување на наградите Златен глобус на Беверли Хилс, Кира се појавила облечена во бел долг фустан со пеперутки и неатрактивни карнери околу вратот и по дното од фустанот. Можело да биде и многу подобро!

8. Лана Дел Реј


Фустанот во кој се појави Лана на овогодинешното доделување на наградите Златен глобус може слободно да се окарактеризира како целосно промашување. Сатенскиот фустан во ментол зелена боја кој згора на се` имал и панделка на половината повеќе потсетувал на костим од Малата сирена отколку на гламурозна тоалета за црвениот тепих.

9. Мајли Сајрус

Не можеше пошокантно од ова! Мајли има само една цел – да привлекува внимание. Во тоа и успева, но начинот на којшто го прави тоа е благо речено дегутантен. На доделувањето на MTV наградите во Милано се појавила речиси гола во сребрена комбинација која едвај ги прекривала нејзините интимни делови, а тоа е само едно од нејзините многу модни промашувања

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag