Најпознатата светска порно актерка открива: Работи кои секоја жена може да ги направи за да се чувствува секси

popara12 март, 20151min00
2

Џена Џејмисон во интервјуто кај Опра Винфри откри неколку детали во врска со женската сексуалност.

Џена Џејмисон без сомнение е најпознатата светска порно актерка.

Во текот на своето занимавање со оваа работа, се појави во повеќе филмови за возрасни, чии копии во милионски изданија се продавани ширум светот и кои и донесоа многу признанија и награди во порно индустријата, а во својот живот напиша и книга која дури шест недели се наоѓаше на правото место на листата на бестселери на “The New York Times”.

Иако Џејмисон се повлече од оваа работа во 2008 година, сексот беше и остана важен дел од нејзиниот живот, нешто по што секогаш ќе остане позната во целиот свет.

Само година дена по “пензионирањето”, Џејмисон седна во студиото кај Опра Винфри за да ги сподели со неа своите искуства. И кажа дека после промоцијата на нејзината книга, не се само мажите тие кои сакаат да разговараат со неа, туку и многу жени биле доста заинтересирани за што има да каже.

“Првата работа која најчесто ми ја зборуваа беше: ‘Ме научи како на мажот да му пружам орален секс и мојот маж е благодарен за тоа’. Не се сметам себе си за професионалка во оралниот секс, тоа е само нешто што сакам да го правам. Целиот мој живот се чувствувам многу сексуално и тоа само го применив”, и рече Џена на Опра која на тоа низ смеа одоговри: “Ако ти, Џена Џејмисон, не си професионалец во оралниот секс, тогаш кој е?”.

Во оваа прилика Џејмисон сподели и неколку работи за кои смета дека ги прават жените привлечни.

Има три работи кои жената може да ги направи за да се чувствува секси и привлечно. Како прво тоа е добриот тен и солариумот. Второ, опуштете се во спалната соба. И трета работа – секогаш потрошете пари на добар фризер и боја за коса, препорачува Џејмисон.

И иако некои од овие совети можеби ви изгледаат премногу банално, Џејмисон наведува дека навистина прават разлика.

“Искрена сум! Жената се чувствува подобро кога е секси и преубава. Земете си време. Направете супер фризура, одете дома, запалете свеќи и изненадете го својот маж кога ќе дојде дома”, советува порно актерката.

Погледнете го целото интервју: