Најскапата реклама за 2015та

20 јануари, 20150
14

Последен пат кога ги видовме заедно во филм легендарните Роберт Де Ниро и Леонардо Ди Каприо беше во 1990 –тата година, ги промовираа двата филмови „This Boy’s Life“ и „Marvin’s Room“. Повторната соработка на овие двајца  големи актери, дури и како носечки ликови во реклама,  е како остварување на сонот на секој кино љубител и обожавател на нивниот лик и дело.

Ако на овој култен тим се додаде и режијата на Мартин Скорсезе кој е можеби најдобриот жив режисер,  едноставно не остава без здив. Скорсезе се здружи со своите две најголеми музи и алтер – его Де Ниро и Ди Каприо и за вртоглави 70 милиони долари заедно снимија ексклузивна телевизиска реклама за новото казино „The Audition“, лоцирано на Манила Беј, Филипини.

Резултатот е неверојатен, што и се очекуваше.  Скорсезе само ја потврди својата генијалност и создаде уште едно ремек дело. Интересно е што во самата приказна игра и режисерот Скорсезе, кој ги поканува своите омилени актери на аудиција во казино за истата улога во својот нов филм. Ди Каприо и Де Ниро ќе пристигнат во Макао и ќе бидат инволвирани во неколку комични ситуации кои ќе кулминираат со натпревар еден на еден.

https://www.youtube.com/watch?v=noRQ2wdyE4M

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi