Најтаинствениот секс клуб на светот

popara3 декември, 20151min00
5
Фамозниот клуб Berghain во Берлин е место во кое не и било дозволено да влезе ниту на Бритни Спирс, бидејќи немала соодветна облека.

Преку ден веројатно најнормално би прошле покрај оваа градба, без два пати да размислите за неа. Однадвор делува како стара електрана која ја опкружуваат осамен супермаркет и комунистичка архитектура.


Но, ако одите таму преку викенд, ќе видите сосема друг свет. Ова место станува Мека за љубителите на rave забавите и електронската музика, и е дом за неконформистите и сигурно уточиште за сите кои сакаат да ги исполнат своите најголеми сексуални фантазии.

Станува збор за најврвниот ноќен клуб во Европа: Berghain во Берлин.


Некои од најпопуларните светски магазини како New York Times и Rolling Stone, го нарекле најдобриот клуб на светот, а познат е по многубројните приказни кои вклучуваат дрога, опсцен секс и неверојатно индустриско техно, особено затоа што го има вградено најмоќниот музички систем на светот.

Треба да се спомне и тоа дека клубот е подеднакво познат по својата политика на дозвола на влез, односно пуштање на луѓе во клубот, која нема врска со ништо. Луѓето понекогаш чекаат со часови, за на крај пред врата да ги одбијат да влезат без ниту еден збор објаснение. Дури ни познатите не се имуни на таа политика. Познато е дека на почетокот на годината на Бритни Спирс и било одбиено да влезе бидејќи немала соодветна облека.

Овој „рај на три спрата“ е отворен во 2004 година. Клубот го добил името по локацијата, бидејќи е сместен во источен Берлин, меѓу популарните квартови Креузберг и Фридрихсаин.

Од петок навечер до понеделник наутро ова место ги хипнотизира масите и тоа во толкава мера што некои одлучуваат да останат цело време во овој бетонски лавиринт, кој е меѓу најголемите обожаватели познат и како „црква“.

Во едноставните тоалети огледалата се забранети, за гостите да не се исплашат од својот одраз после часови и часови забава.

Обиколена со жица, оваа градба се состои од Berghain, Panorama Bar и Sex den Laba.


Ораториумот е само за хомосексуалци. Таму мажите мораат да се соблечат и да ја остават облеката во вреќа пред да влезат внатре. Во текот на Велгиден, ова е дом на познатиот Snax Club. Односно, преку цел викенд се одржува секс и фетиш забава исклучиво за мажи.

Уште една позната точка на Berghain се фамозните dark rooms, во кои гостите имаат секс под мотото „кој со кого ќе стигне“ и во кои не важат правила.


Но, не е само таинственоста тоа што привлекува посетители во овој клуб, туку и најпознатите светски диџеи кои доаѓаат да настапуваат во оваа берлинска субверзивна атракција. Тоа е една причина повеќе да биде тешко да поминете преку вратарите.

Вратарот Свен Маркарт е подеднакво голема легенда како и самиот Berghain. Покриен со тетоважи и пирсови, тој во Берлин е своевидна ѕвезда и пионир во поставувањето на правилата на „правилно однесување“ за луѓето на кои им е дозволен влез.


Постојат многубројни блогови и совети кои ве советуваат што треба да правите, а што да одбегнувате за да ви се зголемат шансите за влез во овој клуб. Постои дури и апликација која ќе ве извести за должината на редот и колку брзо се влегува во секој момент од денот.

Некои од советите се да не разговарате додека чекате (особено не на аглиски), да го оставите на страна мобилниот и да не се однесувате како турист.


Високите потпетици се „out“, црното е „in“, се претпочита минималистичка шминка, а било какви светликави елементи е подобро да ги оставите дома.

Ако сепак успеете да влезете, знаете дека овде владее нулта стапка на толеранција за било какви камери, а ако ве фатат додека се обидувате да направите селфи или да ја снимите атмосферата, веднаш ќе ве избркаат надвор.


Во секој случај, запамтете дека ова е место на кое не сакате да се плеткате со тие кои носат одлуки, но сите кои успеале да влезат, изјавиле дека сите маки и следењето на правилата, па и многуте одбивања, на крај се исплатиле, пишува New York Post.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma