Најубавата жена во светот вели дека никогаш не оди во теретана!
29 септември, 20150
Најстарата Бонд девојка (жена) и една од најубавите жени во светот, тврди дека не сака да вежба.
Моника Белучи (50) има извајано тело на кое може да и позавидат двојно помладите колешки. Иако се чини дека актерката по цели денови поминува во теретаната за да има широки колкови, цврсти нозе и тесна половина, изгледа дека тоа не е баш така.
Како што вели самата, наводно не поминува време во теретаната, бидејќи таквиот вид на вежбање и е досаден.
“Уживам во големи количини на паста и чоколади, а омилено ми е со пријателите да излегувам на убави вечери”, вели убавицата и го додава своето гледање на убавината: “Не мислам дека слабоста е убава. Јас сум жена и имам женски облини”.