Иако изминаа само два месеци од претставувањето на iPhone 6s, дизајнерите веќе започнаа да шпекулираат за тоа како би изгледал новиот iPhone 7. Да погледнеме еден од најдобрите концепти досега…
Видеото подоле ја покажува замислата за iPhone 7, а пред се ќе забележите дека и покрај поголемиот екран, имаме покомпактен уред кој е лесен и удобен за држење. Ова е постигнато со намалување на Home копчето, како и на границите од сите страни на екранот. На задната страна се забележува изработка од стакло, односно сличен дизајн како популарниот iPhone 4.
Од аспект на спецификации, добиваме 16 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата и двоен LED блиц, како и USB Type-C приклучок. Мала е веројатноста овие работи да ги видиме во финалниот модел, знаејќи ја политиката на подобрување на компонентите на Apple.
Финално, дизајнерите претпоставуваат дека овојпат екранот нема да биде со IPS, туку со AMOLED технологија.
https://www.youtube.com/watch?v=rfUZp1y9xww