Народни верувања поврзани со Новогодишната ноќ: Мали ритуали кои гарантираат љубов и пари!

popara26 декември, 20151min00
15

Морате да обрнете внимание што ќе облечете, кого ќе бакнете и на кого ќе му честитате
Дури и да не се сметате себе си за суеверна личност, некои мали ритуали можете да ги испочитувате околу Нова година.
Најчестите верувања, кога станува збор за правилата на однесување, на самиот и првиот ден од новата година (31-ви декември и 1-ви јануари), и за кој се верува дека ќе донесат среќа во наредната година се:
Новогодишна ноќ
Кога е во прашање празничната трпеза, според верувањето на некои култури, доколку подготвувате јадење со месо, пожелно е да не биде пилешко или мисиркино. Според одредени народни верувања, со тоа обезбедувате благосостојбата да остане во вашата куќа, односно да не “одлета“ од вашата трпеза.

Работна година
Извршете некоја симболична работа првиот ден од Новата година, иако е празник. Ако како поклон сте добиле бележник, внесете датум, неколку реченици…размислувајте за работа барем неколку минути тој ден. Според верувањата, овој чин симболизира дека во текот на наредната година ќе имате доволно работа и дека ќе ја работите од сè срце.

Бакнежи за среќа
На полноќ, не заборавајте да ги споделите со вашите најблиски. Тоа се смета за потврда дека во претстојната година вашата љубов и блискост ќе трае.

…со другите
Сличен е на обичајот кој важи и за Божиќ, важно е кој после полноќ, односно на 1-ви јануари, прв ќе влезе во вашиот дом. Ова е важно зошто се смета дека таа личност значително ќе влијае на вашиот живот наредната година.

Црвено за среќа
Општопознато правило е дека за Нова година треба да се облече нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да се носи долна облека во црвена боја.

Исто така, постојат неколку верувања кои се однесуваат на работи кои не треба да ги правите овие два дена:

И да не сте љубител на смс пораките, телефоните, праќање на мејлови…не заборавајте да честитате Нова година на вашите драги личности, како и да одговорите на честитките. Со тоа симболично ја правите поцврста врската, развивате чувство на топлина и пријателство.

На самиот почеток на годината, избегнувајте да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно дека нема да имате доволно пари.

Ова верување сигурно не се вклопува со вашата досегашна пракса, а тоа е дека на 1-ви јануари не треба ништо да изнесувате од вашиот дом. Иако сите сакаме да размениме колачиња, разни десерти и јадења кои сме ги подготвиле за новогодишната ноќ, сепак по ова верување не би требале да го правите тоа. Угостете ги сите ваши гости, тоа секако е добар знак, но кога ќе одите кај некој не носете ништо од храна. За ова, причекајте до 2-ри јануари.

За некои пак, перењето или миењето е неприфатливо за 1-ви јануари. Се верува дека овие активности треба да се сведат на мимимум, бидејќи може да делуваат лошо на здравјето на домаќините во наредната година. Исто така, потрудете се да бидете претпазливи со кршливите предмети, бидејќи кршењето се смета како предвесник за несреќа.

Познати се и неколку стари верувања кои се однесуваат на временските прилики во текот на истите денови. Доколку во текот на денот дува:

јужен ветер – тоа е знак дека годината ќе биде добра и богата;
северен ветер – тоа е знак дека целата година ќе биде ладна и со лошо време;
источен ветер – годината може да донесе несогласувања и проблеми.
Ако времето на 1-ви јануари е сончево и ведро, без ветер, тоа е знак дека не очекува весела и богата година.

За среќа, со парите
Мал ритуал – во секој паричник што го имате ставете по некоја банкнота. Тоа е знак дека следната година ќе биде побогата. Добар знак е исто така да влезете во Новата година без долг и неплатени сметки.

Принова
Бебињата родени на 1-ви јануари се сметаат за „деца на среќата”!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag