Не се откажала од вежбањето за време на бременоста! Видете што се случило!
Сега, 4-месечното синче на Ли Ен полека се навикнува на теретаната, каде таа постојано го носи, па понекогаш и го дои додека ги затегнува мускулите.
Само 3 недели по породувањето, Ли започнала со стандардно напорните тренинзи кои ги обожава.
– Знаев дека морам да бидам фит и силна за време на бременоста, затоа што моето тело е навикнато на напорни тренинзи. Сè што е спротивно на тоа, не би било добро за мене, ниту за бебето. Се хранам органски, шеќер никогаш не консумирам и тоа е тајната на мојот изглед.
Ли се обидува да ги игнорира негативните коментари, а да ги мотивира жените и да ги убеди дека во секој дел од животот може да изгледаат сјајно.
– Сакам да бидам секси мама, затегната, згодна. Не гледам ништо лошо во тоа. Тоа не значи дека сум лоша кон своите деца.