Не сум слаба, не сум дебела – што сум?

16 јануари, 20150
23

Ова прашање си го поставува 27-годишната Мајла Далбезио. Таа е едно од заштитните лица на Келвин Клајн, а насловот на кампањата најдобро го опишува нејзиниот статус во моделингот: Perfectly Fit.

Мајла признава дека мошне емотивно и низ солзи го доживеала моментот кога ја добила понудата од овој голем бренд. Тоа било мошне важен момент за неа, но сепак една работа не ѝ била јасна – дали ја најмиле во својство на обична манекенка или на  plus-size модел?

-Сè ми беше збунувачко, затоа што спаѓам во покрупни девојки. Во модниот свет не сум најкрупна, тоа сигурно, но покрупна сум од моделите со кои Келвин Клајн работел, па тоа малку ме плашеше – изјави Далбезио.

И покрај тоа што не знаела да очекува од оваа соработка, Мајла сега има само зборови на пофалба за брендот, и тврди дека никој не ја погледнал попреко, поради што се почувствувала многу прифатено.

Интересно е дека Келвин Клајн не направи голема помпа околу оваа колекција на долна облека, наменета за покрупни жени. Од друга страна, пораката која ја праќаат е дека „совршено фит“ фигурата е за голема пофалба.

-Немаше голема помпа околу ова, бидејќи од куќата не сакаат да ставаат акцент на тоа како plus-size девојките се нешто многу поразлични од слабите – изјави моделката.

Таа додава дека и покрај тоа што plus-size моделите се мошне модерни, постои голема дискриминација во модниот свет, па вратите во модниот свет не се секогаш и секаде отворени.

Инаку, таа била забележана уште од 16-тата година, кога победила на Miss Teen Wisconsin. Сепак, сите ја охрабрувале да ја намали тежината, за биде „стандарден“ модел, за да има успех. Тоа биле тешки денови за неа, а во 2012 година изјави:

-Се обидував долго време да ослабам. Повраќав откако ќе јадев, и тоа е одвратно. Беше болно, и посакувам никој никогаш да не го прави тоа. Исто така со недели не јадев ништо освен црни маслинки, затоа што тие немаат калории. Поминував многу часови во теретана, сè со цел да ја намалам тежната – вели Мајла, која денес привлекува многу внимание.

Некои сметаат дека не е plus-size,  други дека е, но она во што сите се согласуваат е дека изгледа одлично. Што мислите вие?

Во продолжение погледнете го видеото за оваа најнова кампања на Келвин Клајн

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi