Нега на сува кожа

31 декември, 20150
7

Сувата кожа е непривлечна на изглед, непријатна на допир и создава чувство на затегнатост, па неопходна е дополнителна нега за таа да придобие нежна, мека и мазна текстура.

Воопшто не е мал бројот на луѓе засегнати од проблемот сува кожа и најчесто тие се жалат на сува кожа во долниот дел на нозете (колената, глуждовите и стапалата), рацете и лицето, но сува кожа може да се појави и на бутовите и стомакот. Сувата кожа може да е наследна, да е последица на стареењето или да е причинета од некоја болест. Но, исто така постојат и надворешни фактори кои можат да доведат до појава на сува кожа, како често бањање со жешка вода, користење на силни сапуни и гелови, прескокнување на негата со хидратантен крем, долг престој во претопли простории, ветровито ладно време и сл.

Независно кои се причините што не ѝ дозволуваат на вашата кожа да задржи доволно влажност, има многу нешта кои можете да ги направите за да го подобрите изгледот на сувата кожа.

Што НЕ ТРЕБА да правите ако имате сува кожа?

  1. Не се туширајте долго и со жешка вода. Жешката вода побрзо ги отстранува природните масла кои ја хидратираат кожата. Истото се случува кога поминувате долго време под тушот. Обидете се да го ограничите времетраењето на вашето туширање на 10 минути дневно и да се туширате со топла вода.
  2. Не користете силни сапуни. Силните сапуни и детергенти можат значително да ја уништат вашата кожа. Користете нежни препарати и гелови за туширање со хидратантни својства. Особено внимавајте при изборот на сапун за раце или детергент за миење садови, затоа што нив ги користите многупати во текот на денот.
  3. Не користете премногу груби сунѓери за капење. Најдобро е да го избегнувате користењето на сунѓери за капење затоа што триењето може да доведе до оштетување на кожата. Но, ако не сакате да се откажете од сунѓерите, тријте се многу нежно, без да вршите голем притисок.
  4. Не се бричете без претходно омекнување на кожата и влакната. Бричењето може дополнително да ја иритира сувата кожа. Најдобро е да се бричите по туширање, кога влакната се меки. Задолжително користете крем или гел за бричење, кој се препорачува да отстои три минути пред да започнете со бричењето. Секогаш бричете се во насока на растење на влакната.
  5. Не користете брич со тапи жилети. Менувајте ги бричевите по неколку употреби. Старите тапи бричеви дополнително ја надразнуваат сувата кожа.
  6. Не носете мокри ракавици или чорапи. Мокрите ракавици и чорапи можат да предизвикаат чешање, напукување и воспаление на кожата.
  7. Не претерувајте со затоплувањето на вашиот дом. Претераното затоплување на домот ја намалува влажноста на воздухот и ја суши кожата. Подобро е да одржувате нормална температура во вашиот дом и да му дозволите на воздухот да циркулира. Друго решение е да користите навлажнувач на воздухот.

Совети за нега на сува кожа

  1. Бидете нежни при бришењето на кожата. Избегнувајте го грубото триење со крпата, затоа што тоа ќе ја иритира вашата кожа. Само лесно тапкајте ја кожата со крпата, но оставете ја влажна.
  2. Не заборавајте да ја хидратирате кожата. Хидратантниот крем и млекото за тело создаваат бариера која не дозволува кожата да остане без неопходната влажност. Најдобро е хидратантниот крем или млекото за тело да го нанесете 3-5 минути по туширање, додека кожата е сè уште влажна.
  3. Јадете храна богата со омега-3 масни киселини. Еден од симптомите кои укажуваат на тоа дека вашето тело има потреба од повеќе омега-3 масни киселини е појавата на сува кожа и чешање. Омега-3 масните киселини ги зацврстуваат бариерите на кожата кои ги чуваат природните масла. Одлични извори на омега-3 масни киселини се лососот, сардините, лененото семе, оревите.
  4. Пијте многу вода. Пијте најмалку осум чаши вода дневно за да ја одржувате вашата кожа добро хидратирана.
  5. Носете облека од природни влакна. Преферирајте памучна облека, бидејќи таа ѝ дозволува на кожата да дише, додека волнената и синтетичката облека предизвикуваат чешање и иритација на кожата.
  6. Користете заштита од сонцето. Сонцето ја оштетува кожата и таа ја губи својата способност да ја зачувува влажноста. Нанесувајте крем со заштитен фактор 30 минути пред да бидете изложени на сончева светлина. Не ја заборавајте заштитата на вашата кожа и во зима, затоа што и зимското сонце може да предизвика оштетување.
  7. Ексфолирајте ја вашата кожа. Хидратантниот крем е многу поефективен ако го нанесете на ексфолирана кожа, ослободена од сувиот слој мртви клетки. Сепак, не претерувајте со користењето на пилинзи, затоа што со тоа може уште повеќе да ѝ ја одземете влажноста на кожата. Ексфолирајте ја кожата по целото тело еднаш неделно.

Природна нега на сува кожа

  • Маслиново масло. Делотворното маслиново масло е одличен природен „лек“ за сувата кожа. Тоа може да ја омекне кожата на лактите, колената, стапалата, рацете или лицето. Кога чувствувате дека кожата ви е многу затегната и сува, под хидратантниот крем или млеко за тело нанесете тенок слој маслиново масло.
  • Мед. Сувите напукани усни лесно можете да ги претворите во меки и привлечни со премачкување со тенок слој мед.
  • Пилинг од кафеав шеќер и маслиново масло. За да ги отстраните мртвите клетки од површинскиот слој на кожата, измешајте еднакви количини кафеав шеќер и маслиново масло и нежно протријте ја кожата со кружни движења.
  • Микс од жолчка и мед. Измешајте една жолчка од јајце со 2-3 лажички мед и со масирање нанесете ја смесата на лицето и вратот. Измијте ја кожата по петнаесетина минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi