
Досега се навикнавме дека Селма Хаек е секогаш, без исклучок, гламурозна на црвениот килим. А на овогодинешното доделување на наградите LACMA Film + Art Gala таа и дефинитивно го става својот акцент на сексапилот.
Селма на овогодинешната свеченост се појави во долга розова тоалета со корсет, кој што ја потенцираше нејзината половина, но и нејзиното бујно деколте.
Атрактивната бринета дефинитивно била во центарот на вниманието во текот на целата вечер додека буквално блескала во тоалетата со потписот на Gucci, чија што боја фантастично се вклопува со нејзиниот темен тен.



Холивудската актерка на црвениот килим се појави во придружба на нејзиниот сопруг Франсоа Анри Пино, познат бизнисмен кој што се смета за еден од најбогатите Французи.


