Невеста го расплака младоженецот, пеејќи му додека чекореше кон олтарот

popara22 септември, 20151min00
Невеста го расплака младоженецот, пеејќи му додека чекореше кон олтарот

Невеста со песна го расплака својот избраник на црковната церемонија. Таа му пееше балада заедно со својот татко додека чекореше кон олтарот.

Во видеото, професионалната пејачка од Норвешка Марија Холанд Тосе започнува да ја пее омилената песна на младоженецот „You Raise Me Up“ штом ќе зачекори во црквата. Потоа му го предава микрофонот на својот татко Чарлс, кој има порака за својот зет Рони Идсвек. „Сега е време да ти ја предадам мојата ќерка. Знаеш дека е тешко, затоа те молам грижи се за неа“ – пее Чарлс.

Погледнете ја изведбата на Марија и емотивната реакција на Рони. Видеото досега е прегледувано повеќе од 8 милиони пати.