Сигурно знаете дека магдоносот е особено полезен за здравјето. Но знаете ли дека може да ви помогне и во борбата со излишните килограми?
Магдоносот го подобрува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите. Најдобриот начин да го конзумирате магдоносот е под формата на чај, така е најефикасаен и најбрзо делува.
Како се приготвува чајот за слабеење?
Потребна ви е една свежа китка магдонос. Измијте ја добро и ситно исецкајте. Ставете го магдосот во сад со вода при што на две чаши вода се потребни 2 супени лажици магдонос. Оставете ја смесата да врие на слаб оган околу 15 минути и на крај процедете. Пијте од чајот по една чаша наутро на гладно во текот на две седмици.
На овој начин не само ќе ослабнете но и ќе си обезбедите подобро здравје и тонус. Освен што изобилува со витамини и минерали магдоносот го намалува нивото на шеќер во крвта и има позитивен ефект врз функцијата на штитната и надбубрежните жлезди.