Никогаш немојте да ги проценувате луѓето или некои ситуации на основа на она што ќе го забележите на прв поглед

popara24 август, 20151min01
11

На некој возрасен човек кој бил на 70 и повеќе години кој целиот свој живот се занимавал со сточарство, поточно со овчарство, државата одлучила да му помогне со тоа што ќе му додели пензија која ќе му биди доволна за скромен живот.

При чинот на доделувањето на пензијата некоја новинарка го замолила да ѝ раскаже некоја случка од неговиот живот која тој никогаш нема да ја заборави додека е жив и која уште долги години ќе остане во неговите сеќавања.
Старецот без да размислува веднаш почнал да ја раскажува неговата приказна.

„Бев некаде на 20 години кога случајно наидов на куче во шумата. Бидејќи беше мало и напуштено го зедов со мене и одлучив да го чувам. Поминуваа месеци и месеци и како што тоа растеше комшиите почнаа да ме зборуваат дека сѐ повеќе и повеќе почнува да личи на волчица и дека треба колку што е можно побрзо да се ослободам од него. Бев многу млад и тврдоглав и не сакав никого да слушам, па така одлучив и покрај нивните зборови да си ја чувам малата кучка која сѐ повеќе и повеќе ми беше приврзана и каде и да одев одеше со мене и ме чекаше.
И така годините врвеа …

Еден ден легнав малку да се одморам и во сонот слушнав некаква бучава, завивање и цвичење и додека се расонив и дојдов при себе сѐ повторно беше тивко и мирно, како ништо да не се случило. Излегов надвор за секој случај да проверам дали сум сонувал или не и бев запрепастен кога здогледав како целото стадо овци е заклано, а волчицата која како што растеше сѐ повеќе наликуваше на вистинска волчица беше целата облеана во крв и со страв но и со бес во очите тивко ме набљудуваше.
Со трчање без да размислам влегов во куќата, ја зедов пушката и ја убив на лице место.
Бидејќи не знаев што да правам со овците ги повикав комшиите да ги земат додека месото сѐ уште им беше здраво и јадливо.
Додека ги преместував закланите овци заедно со своите комшии забележавме дека на средината на стадото имаше три огромни заклани волци и дури тогаш разбрав каква грешка направив со тоа што ја убив мојата долгогодишна и верна волчица.”

Никогаш не е сѐ така како што изгледа на прв поглед и поради тоа никогаш немојте да ги проценувате луѓето или некои ситуации на основа на она што ќе го забележите на прв поглед.

One comment

  • Истражувач на вистината.

    27 август, 2015 at 00:07

    Да.
    Такви се луѓето.
    Јас и сестра ми доживеавме таква неправдина во домашна атмосфера, да освен еден професионален психијатар, никој друг не ни веруваше какво зло ни направија.
    И конечно “етикетата” ни ја залепија (на мене и на сестра ми) и скоро сите соседи, па и останати познати на нашите домашни не гледале како зомби, а не како луѓе.
    Сестра ми заврши одличен успех на архиктетура, а јас завршив две средни школи (бидејќи никој не сакаше да ни помогне за факлутет).
    Живеевме под отворено небо. Буквално надвор.
    Баравме работа и заради таа етикета која ни ја залепија другите, никој не сакаше да не вработи.
    Бевме во разни хуманитарни акции, бидејќи сакавме да помагаме на луѓе.
    Никој нам не ни помагаше.
    Чесен живот водевме, добрини да покажеме. Такви сме и такви ќе останеме. Јас и сестра ми.
    Таа се омажи, а јас и понатаму сум не вработен.
    “Етикетата” и понатаму ни остана залепена од тие злобници.
    Времето не прегази.

    П.С.
    Луѓе, кои не знаат и не сакаат да си ги контролираат емоциите, секогаш ќе направат страшни грешки, за кои еден ден ќе одговараат.
    Сите ние еден ден ќе застанеме пред лицето Божје за суд на нашите дела.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag