Новата репрезентативна руска лимузина

30 декември, 20150
4

Според Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија на Руската Федерација, цитиран од РИА Новости, новата репрезентативна руска лимузина, која е дел од проектот „моторизираната придружба“ е готов.

Првиот примерок во моментов поминува низ завршни тестови кои ќе бидат готови за помалку од еден месец. Автомобилот, сепак ќе се чува во тајност се до месец мај 2018 година, кога ќе биде прикажан за прв пат пред публика за време на новата инаугурација на рускиот претседател. Освен луксузната лимузина, за руската елита се планирани уште помал седан, комбе, а исто така и теренец за обезбедувањето.

Првата предсериска линија на сите возила од проектот „моторизираната придружба“ (Кортеж) ќе биде готова до крајот на 2017. За следната година од буџетот на земјата за оваа цел се одвоени 3,7 милијарди рубли. Како целина инвестицијата се очекува да ја чини Русија околу 10 милијарди рубли, приближно 250 милиони евра. Првите машини ќе се составуваат во Централниот истражувачки патен институт (Нами), а сериското производство ќе се одвива во фабриките на Sollers.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi