Новите фотографии на секс симболот од “Чувари на плажата“ ќе ве разочараат!

9 јануари, 20150
995castcopy2_20010705_03301.jpg
Доколку гледавте “Чувари на плажата”, тогаш сигурно сте биле меѓу оние кои имале една дилема: Која е поубава – Памела или Јасмин? Доколку ваш фаворит била згодната и прекрасна Јасмин Блит, приказната за неа и за нејзините нови фотографии ќе ве разочара.

46-годишната Јасмин Блит не била фотографирана во јавност најмалку 10 години. Овие денови се појавила на Венис Бич во Калифорнија, каде што во деведесеттите години трчала во црвен костим за капење. Овој пат никој не ја препознал. Новиот имиџ актерката сигурно му го должи на бурниот живот кој го живеела со години, пишуваат американските таблоиди.


Откако во 2001-та година била уапсена поради возење под дејство на кокаин, никој не ја видел барем десет години. Во серијата “Чувари на плажата”, добила отказ токму поради консумирање на дрога. Продуцентите објасниле дека било тешко да се носат со нејзиниот порок.

Тогаш заминала на рехабилитација во центарот “Promises”, каде што го запознала сопругот Пол Серит. Двајцата во 2001-та година биле уапсени кога биле сопрени на автопат. Актерката признала дека била под дејство на кокаин и дека остатокот го крие во својата торба.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi