Непосредно пред третата гала вечер дознаваме дека Роберт Билбилов е
вториот постојан член од жирито кој заедно со Весна Бејби Петрушевска ќе
ги оценува настапите на кандидатите од вилата #НИА. Минатата недела
имавме можност да слушнеме остри критики и од Роберт и од Весна кои со
конструктивна критика ги мотивираа кандидатите да го дадат најдоброто од
себе. Што ќе се случува на оваа трета гала и дали натпреварувачите ќе
имаат прогрес, останува да видиме. Не ја пропуштајте третата гала на
првото Македонско музичко реално шоу ‘’ На иста адреса’’ вечерва во
21:00 часот на Алфа ТВ.