На веб – страницата за запознавање BeautifulPeople.com луѓето се регистрираат со прикачување своја фотографија за која чекаат одобрување од спротивниот пол дека се доволно убави за да бидат дел од него.
Но, не се прифаќаат сите тукутака, а веќе има и одбиено околу 7,5 милиони апликации. За разлика од некои кои лесно го прифаќаат одбивањето, други не се помируваат така лесно и прават драстични промени во изгледот само за да го добијат одобрувањето од веб – страницата.
1. Кели О’ Донел, консултант за исхрана од Канада, се променила до непрепознатливост.
– Кога сфатив дека имам 90 килограми, знаев дека морам да го променам својот живот. Ми беше смачено од одбивање. Затоа одлучив да научам сè што можам за правилната исхрана и почнав да вежбам. По 8 години успеав да ослабам 40 kg и никогаш не сум била посамоуверена од денес – раскажува Кели.
2. Александра Пјецек, студентка на Полициска академија, раскажува како трансформацијата значително ѝ го променила животот.
– Не сакав да би како никој, па почнав да го менувам својот живот – го променив начинот на исхрана, начинот на живот, станав поактивна, почнав да се придржувам до фитнес програмата на Мел Би, да пливам, да возам велосипед и да одам на зумба. По година дена, ослабев 8 килограми, ми порасна косата и станав навивачка и фотомодел.
3. Александар Сјегварт, студент од Германија, неколку пати бил одбиен за да се регистрира на веб – страницата.
– Одлучив да го променам својот живот и да стекнам самодоверба. Вежбав сам седум пати неделно, девет месеци, а сега уживам во погледот пред огледало и вниманието кое ругите ми го даваат.
Одговорниот директор на веб страницата смета дека одбивањето треба да им биде дополнителна мотивација за да направат промена во својот живот и да постигнат нешто повеќе.