Од депресија до бизнис од 100 милиони долари

18 декември, 20150
6

Пред пет години Eни Лавлес западнала во тешка депресија за време на школувањето и почувствувала дека нешто мора да промени, а тоа „чувство“ и донело бизнис со годишни приходи од речиси 100 милиони долари. Ова е нејзината приказна.

Иако немала јасни планови за иднината, таа одлучила да го прекине школувањето. Лавлес знаела дека наместо замор и монотонија и е потребна инспирација, па се завртела кон она што најмногу го сака – нутриционизмот. Се поврзала со пријателката која исто така ја дели страста кон свежите, сирови, органски сокови и заедно започнале бизнис.

Прво своите сокови ги продавале на колегите од часовите по јога, кои фасцинирани од соковите раскажале за нив на нивните пријатели, па тие пријатели на други пријатели и така приказната за вкусните свежи сокови се раширила многу брзо. Бидејќи наеднаш пораснала побарувачката за нивните сокови, тие добиле помош и од бизнсменот Џејмс Бренан кој го препознал потенцијалот на нивниот проект, па наскоро ја основале компанијата „Suja“.

Како што пишува „Inc“ во моментов имаат модерен производствен систем, повеќе од 10.000 продажни места, годишниот приход им изнеусва меѓу 80 и 90 милиони долари, а влегле и во партнерство со Coca-Cola.

Ени Лавлес го остварила својот сон, а нема ниту 30 години…… Можете и Вие!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *