
Откако на Reddit се објавени две фотографии кои покажуваат како шминката може да ја видоизмени жената, се подигна голема прашина во јавноста и дебата за вечното прашање: Дали е ова добро, или лошо?
Оваа фотка стана хит бидејќи прикажаната девојка е навистина скроз поинаква пред и после нанесување на шминка.
Корисниците дебатирале за тоа каква е всушност целта на шминката и дали е добро да не личиш на себе, дали шминката е маска за комплексите, недоволна самодоверба и слично, а имало и такви кои оваа трансформација ги натерала да ги преиспитаат животните вредности:
“Ова докажува колку не треба да ги проценуваме луѓето според изгледот“, напишал еден од нив.
Оние рационалните заклучиле дека мнозинството современи жени денес користат суптилна шминка и додаваат дека не треба да се залажуваме, бидејќи изгледот е важен и дека убавината најчесто ја покачува цената на личноста како целина и е фактор за повисока оценка.
