Одличен лек за дишните патишта: Направете сами мед од глуварче

21 ноември, 20150
23

Глуварчето долго време неправедно е набројуван во коровот и како таков без некоја голема улога во животот на човекот. Тоа е многу повеќе од коров, а денес е познато како исклучително лековита и билка која се јаде, идеална за пролетно чистење на организмот, што на секого му е неопходно.

Содржи преку 30 состојки кои помагаат при разложување на  органските отпадоци кои можат да му наштетат на организмот на човекот.

За глуварчето пишуваве и претходно и би било добро да прочитате ако не сте прочитале, како оваа билка  може многу да ви помогне. Следува рецептот за медот од глуварче. Медот од глуварче е одличен за лекување на дишните патишта за сите оние кои имаат проблеми со дишните патишта и со болки во грлото, проблеми со пробавата и олки во желудникот. Одвојте  малку време за да го приготвите и ќе уживате во благодетите кои ги носи овој мед.

Рецепт:

1. Потрбно ви е 140 цветови од глуварче

2. 1 кг интегрален шекер ( нерафиниран)

3. 1 лимон исечен на тркалца.

4. 1 литар вода

Цветовите  се ставаат во ладна вода и се остава на рингла по полека  да се загрее водата ( не жешка, туку млака).  Се трга  од рингла и се остава да отстои цела ноќ. Следниот ден се зема цедалка се процедува водата и се промешува со шекерот и лимонот. Повторно се става на тивок оган. Смесата се вари и се внимава да се постигне одредена густина  за да не стане прегусто, бидејќи кога ќе се олади ќе се стврдне. Ниту пак да остане премногу редок. Густината да биде како кај медот.

Се зема 1 до 3 лажици дневно од медот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş