Градежниот претприемач Грег Арнолдс од Нунеатон во Англија се шокирал кога се вратил од Њујорк од службениот пат и во својата куќа, со нови брави на вратата, затекнал шест непознати студенти.
Откако му се смрачило пред очите, набргу сфатил дека неговата сопруга Лаура во меѓувреме ја продала нивната куќа, ги спакувала работите и го напуштила.
На тој начин му се одмаздила за неверството за коешто дознала откако заминал на пат. Во куќата, имено, Грег го заборавил мобилниот телефон на кој почнале да му пристигнуваат „жешки“ пораки од неговата љубовница која го чекала во Америка.
Шокирана од тоа сознание, Лаура не чекала долгоо. Смислила одмазда која и ја олеснила и фактот дека хипотеката над заедничката куќа, откако таа и сопругот западнале во финансиски невољи, ја презеле нејзините родители. Во рок од две недели, додека тој бил во Њујорк, Лаура успеала да ја продаде куќата и да му приреди непријатно изненадување.
Враќајќи се дома од службениот пат, Грег сфатил дека нешто не е во ред кога доцна навечер пред гаражата затекнал паркиран непознат автомобил, додека од куќата трештела музика.
„Знам дека никогаш не беше будна толку доцна. Немав поим што се случува – раскажал подоцна неверниот сопруг на новинарите на локалниот весник. Потоа избезумено почнал да удира по влезната врата која му ја отворило момче „налик на хипик“, како шо подоцна го опишал. Во дневната соба биле непознати момчиња, но од неговите работи ниту траг ниту глас. Сопругата при иселувањето темелно ја испразнила куќата. Го продала дури и неговиот омилен алат.
„Ова е последен пат да се женам со Италијанка – рекол заедливо Крег алудирајќи на националноста на сопругата која му се одмаздила. На крајот, признал дека „скапо ја платил“ грешката како и дека се надева дека со поранешната сопруга, барем поради децата, ќе останат пријатели.