Приказната на една мајка ќе ве принуди да размислите за понудите за пријателство од непознати луѓе

18 декември, 20150
3

Приказната на една мајка ќе ве принуди да размислите за понудите за пријателство кои ви ги испраќаат непознати луѓе.

Непознат маж ви испраќа барање за пријателство. Не го познавате, но изгледа привлечно според профилната фотографија, па го прифаќате за пријател.

Денес е прв ден на училиште за вашата ќерка. Таа изгледа толку слатко во новата облека која сте ѝ ја купиле и едноставно мора да ја фотографирате и да ја споделите таа фотографија и на вашиот Facebook профил за да ја видат и сите ваши пријатели и роднини.

Токму многу сте возбудени па додека ја оставате дури и се чекирате кај нејзиното училиште со коментар – “Не можам да поверувам колку брзо порасна. Времето лета. Јас сум една навистина горда мајка.”

Во меѓувреме, мистериозниот човек чие барање за пријателство во брзање сте го прифатиле ја чува фотографијата од вашата ќерка во нејзината слатка нова облека на неговиот телефон и ја испраќа на телефонски броеви на 60 различни возрасни мажи ширум светот со коментар – “Девојче, 7 години. Костенлива коса. Црни очи. 5000 евра.”

Не само што сте му ја дале вашата фотографија на трговец со бело робје, туку сте му дале и име и точна локација на нејзиното училиште на сребрена виртуелна тацна.

Одите да си го земете детето од училиште околу 3 попладне, но него никаде го нема. Не ни знаете дека вашето драгоцено чедо му е продадено на 43-годишен педофил уште пред да тргнете по него и сега е на пат кон Јужна Африка, со заврзани очи, збунето, ужаснатo и расплакано бидејќи е со некој кој никогаш во животот не го видела. Сега не знае ниту каде ѝ се родителите, ниту каде оди, ниту што ќе ѝ се случи.

Престанете да додавате странци за пријатели на Facebook и престанете да објавувате сè во врска со вашиот приватен живот. Избегнувајте да споделувате фотографии од вашите деца на вашиот профил. Споделете го ова поради сите деца и нивните родители.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber