Оргазам за паметење: Сите тајни на аналниот секс

popara13 март, 20151min00
20

Аналниот секс носи неверојатни и сензационални чувства и уживања. Се разбира, под услов правилно да се изведува. Сензацијата која жената ја доживува при анален секс е мешавина помеѓу чувстсвата кои се доживуваат за време на вагинална пенетрација и стимулирање на клиторисот. Тоа ќе ви пружи сосема нови уживања и ќе ви отвори еден нов свет.

Малку историја

Се до 18-тиот век, сите сексуални акции кои не биле поврзани со создавање потомство биле забранети. На тој попис се наоѓал  и аналниот секс. Тогашните друштвени и сексуални норми биле поврзани и со силно влијание од црквата.

Меѓутоа, во антички Рим, аналниот секс со робовите бил знак за моќ на нивните владетели. Во втората половина на 13-тиот век во Европа, аналниот секс помеѓу двајца мажи се смета за грешен и се претвора во дело казниво со смрт.

Дури на крајот на 18-тиот век, укината е смртната казна и заменета со затвор. Во 2003 најпрво САД ја укинале казната за анален секс.

Аналниот секс денес

Аналниот отвор е многу потесен од отворот на вагината, така што пенисот е многу повеќе стимулиран. Жените го избегнуваат што не значи дека не го практикуваат. Многу жени го одбиваат аналниот секс затоа што сметаат дека е понижувачко и болно искуство.

Кај најголем број од нив – или никогаш не пробале анален секс, или партнерот им бил премногу груб.

Како да го изведете

Аналниот секс може да биде болен ако при практикувањето не се внимава на нежноста. При самиот секс потребно е со лубрикант да се намачка и отворот на девојката како и пенисот на партнерот.

За разлика од вагината, анусот не создава никакви течности кои би можеле да ја олеснат пенетрацијата. Користете лубриканти на база на вода и силикон.

Поза за анален секс

Аналниот секс може да се практикува во бројни секс пози. Но, дефинитивно најпопуларна е doggy style затоа што истовремено може да се стимулира и клиторисот.

Паровите ја практикуваат и позата каде двајцата партнери лежат на страна, а девојката е свртена со грб кон партнерот.

Многу девојки сакаат да бидат и од горе за време на аналниот секс за да можат да уживаат во погледот на партнерот, но и да ја контролираат длабочината и јачината на неговата пенетрација.

На што да внимавате?

За време на аналниот секс забранети се груби потези, затоа што може да дојде до пукање на крвните жили во анусот.

Ако сте во долгогодишна врска и знаете дека партнерот нема никаква полово пренослива болест, не мора да користите кондом затоа што не постои опасност од бременост.

Ако пенисот бил во анусот, не смее потоа неисчистен да влезе во вагината, затоа што може да пренесе бактерии кои ќе предизвикаат непријатни инфекции.