Ослабела 45 килограми и денес гордо се шета во бикини

6 февруари, 20150
25

Откако била преплашена гледајќи како изгледа на фотографиите од минатото летување, 23 годишната Кери Ирвин донела одлука дека ова лето ќе има совршено тело за бикини.

Таа успеала во намерата и од 108 килограми дошла на 63 за една година. Таа денес гордо го покажува своето тело и не се срами да покаже колкави панталони носела претходно.

„Бев преплашена кога ги видов фотографиите од одморот. Искрено, не сфаќав дека сум толку голема пред убаво да ги изанализирам. Оваа година планирам да одам во Турција и да носам бикини, а не да се покривам со марами“, рекла Кери.

Кери признава дека била несреќна со таа тежина. Вообичаено денот го започнувала со чоколадо, за ручек јадела сендвичи, потоа чипс и газирани пијалаци, а вечерата се состоела од нешто што може да се направи брзо во микробранова печка. После вечерата задолжително следувал сладолед или пудинг.

Ваквиот начин на исхрана и направил и здравствен проблем. Пред три години и била отстранета жолчната кеса во која биле насобрани камчиња.

Кери килограмите ги изгубила со помош на шејкови за слабеење кои ги комбинирала со здрава храна, зеленчук и варено месо. Вели дека шејковите и одговарале затоа што отсекогаш сакала да јаде нешто што брзо се подготвува.

Оваа млада Британка признава дека била депресивна и дека социјалниот живот и бил лош бидејќи се плашела за тоа што мислат луѓето за неа. Не разговарала со момчиња бидејќи  сметала оти нема да им се допадне.

„Мразев да одам на шопинг. Речиси никаде немаше број 46 или 48, а сега е многу едноставно да купам број 38, дури не треба ни да пробам. Се чуствувам како нова жена“, вели Кери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *