Откриени причините за раскинувањето на Роналдо и Ирина Шајк

popara20 јануари, 20151min00
13

Раскинувањето на врската на најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата досегашна девојка Ирина Шајк се уште е топ-тема во светските таблоиди.

Дел од нив ги откриле причините поради кои се случило тоа. Наводно, руската манекенка имала жестока кавга со мајката на Роналдо, Марија Долорес дос Сантос Авеиро при што фудбалерот застанал на страната на својот родител. Кавгата започнала за божиќните празници за кои Роналдо со својот син и Ирина престојувале во Дубаи. Марија била категорично против тоа и се обидела да ги разубеди да останат дома, но тие не прифатиле.

Како виновник за тоа, мајката на Роналдо ја посочила Ирина Шајк и почнала голема кавга со неа од која на крајот поразен излегол фудбалерот на Реал Мадрид.

Дека двојката не е повеќе заедно стана јасно во понеделникот кога Роналдо ја доби третата Златна топка во кариерата. На гала-церемонијата во Цирих не присуствуваше Ирина Шајк, а потоа не му честиташе ниту на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma