Отмените богаташки оргии: Sex Party Secrets

9 јануари, 20150
7
Секој викенд ширум Велика Британија, во пространи и луксузни куќи, шампањ тече на сите страни, додека гостите уживаат во меѓусебното дружење и романтичната атмосфера.

Така накратко би гласел описот на отмените и богаташки оргии прикажани во документарниот филм ”Sex Party Secrets“, емитуван на “Channel 4”.

Станува збор за документарен филм кој гледачите ги воведува во светот на сексуалната елита, која што всушност живее живот како оној претставен во филмот “Fifty Shades Of Grey”.

Паровите кои доаѓаат на ваквите собири се атрактивни и млади луѓе, желни за софистицирани забави кои, покрај луксузните куќи ширум Велика Британија, често се организираат и на јахти или вили сместени на Ибица.

 

Една од организаторките на ваквите собири во документарниот филм открила дека луѓето кои што учествуваат во оргиите претходно треба да поминат низ строга процедура за проверка, но во поголемиот дел станува збор за “млади и софистицирани луѓе кои што сакаат беспрекорен и отмен стил”.

Единствен “код за облекување” е бразилската депилација кај сите учесници во оргиите.
Крис Рејнолд Гордон пак работи за здружението ”Heaven Circle“, кое што се занимава со организирање на ексклузивни оргии кои што денес се нешто како приватни клубови во кои што можат да влезат само ретки среќници.

 

Иако досега илјадници луѓе поднеле барање за членство, ова здружение има само 90 членови. “Забавите стануваат се попопуларни”, признал Крис, кој рекол и дека на забавите не сака да види средовечни луѓе.

Организаторот Џон Блу пак организира забави во куќи на селските имоти, а неретко самите сексуални чинови се одвиваат на пространите ливади. Блу изјавил и дека голем број на луѓе ги изнајмуваат своите домови за вакви забави, а дел од нив и стануваат учесници во истите, или пак само “уживаат во погледот кон целиот спектакл“.

Секако, ваквите куќи имаат и ВИП соби за гости кои што сакаат дополнителен луксуз.
“Повеќето луѓе не сакаат да имаат секс на креветот, па тоа го прават на софата и на други места. Мојата идеја е да направам убава забава на која ќе ви осигурам безбеден секс”, изјавил Блу. Неговите забави се толку популарни, што во нив учествуваат и по 250 лица.

Оргиите меѓусебно се разликуваат… Така, оние елитните се малку поексклузивни, по луксузни и многу поинтимни. На пример, на луѓето кои што учествуваат во ваквите средби, при самиот влез им се одземаат мобилните телефони и сите уреди со кои што тие би можеле нешто да снимат.

“Ние не сме создадени да бидеме само со еден партнер во текот на целиот живот. Дојдете на нашата забава и ќе ги доживеете своите скриени фантазии”, изјавила организаторката Луиса.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş