Пред неколку месеци, во јавноста се појави нов патент на Apple кој се однесуваше на специјален механизам кој ќе се вгради во телефонот и ќе овозможи падот на уредот на земја да биде регулиран и со тоа да се минимизира штетата…
Понатаму, Amazon имаше интересна идеја со воздушни перничиња околу уредот, кои би се активирале кога ќе почне да паѓа. Денес, ви презентираме интересен концепт за iPhone 7 кој инкорпорира навистина напредна технологија (всушност, цели мотори на ракета) што би се активирале во моментот пред телефонот да падне на земја.
Овие издуви би биле контролирани од акцелерометарот и жироскопот, со што во теорија телефонот би можел да биде фрлен од било која висина (стотици метри) и да преживее без никакво оштетување.
Погледнете го видеото!