Пампрово – рај за скијачи почетници

9 декември, 20150
15

До Пампорово во Бугарија ви се потребни околу 6 часа возење од Скопје. Се наоѓа на Родопскиот масив планини.

Тука ве чека планина каде одмаралиштето е на надморска височина од 1500 метри а 22 скијачки терени се поврзани со 14 ски лифтови кои може да превезат и до 15 000 патници на час .Терените се простираат на надморска височина од 1450 метри до 1925 метри каде се наоѓа импозантната телевизиска кула.

Доколку сте навикнати на Македонското сонце не се грижите.Стастички Пампорово има 170 сончеви денови во текот на годината.

Стазите се умерени така да одговараат за почетници и просечни скијачи.Терените се поврзани со хотелите и селото со автобуси и комбиња  кои може да бидат пренатрупани во шпицовите наутро и на завршување со работа на ски лифтовите.

Новиот ски лифт четворосед значително го олеснува пристапот до сите терени и стази. Самите стази пак, се одлично одржувани.

Внимавајте Ски школото во Пампорово е оценето како едно од најдобрите во Европа,со многу квалитетни инструктори кои зборуваат барем два светски јазици. Скијачите почетници и оние кои се чувствуваат во средна категорија имаат на располагање 5 стази со вкупна должина од 3,1 км.Школите за скијање почнуваат од 9h наутро до 16 30 h  попладне.

Тука е и ски градинката Малина каде децата со помош на инстукторите ќе научат да скијаат а на вас ќе ви остане слободно време да уживате во сонцето и снегот. За тоа дополнително се грижат 150 снежни топови кои се рапределени по патеките

Доколку сте одличен скијач тука е познатата стаза „The Wall“  на која предизвик можат да имаат и екстремните скијачи. Оние пак, што сакаат да одржуваат телесна кондиција и да пробаат скијачко трчање ги чека стаза долга 25 километри, а на располагање се и десетина дуќани за изнајмување на скијачка опрема за сите намени.

За љубителите на ноќното скијање ,на врвот на стазата Снежанка ве чека патека долга 1176 метри и широка дури 60 метри која е одлично осветлена. Инаку на Пампрово не е досадно навечер. На располагање ви се хотелите, клубовите и механите  каде за пристојни цени ќе уживате во Бугарската кујна,а за ноќниот живот во Бугарија насекаде се зборува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi